Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА МИРОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА - МИР ВО СЕВЕ, МИР ВО СИТЕ
 
Реализирана активност:
Мировен јавен активизам во заедницата
Датум:
 
 
1. Организирани 538 мултиетнички работилници со 4.547 учесници. Формирани 7 мултиетнички активни локални женски мрежи во заедиците..
 
Во период од 2000 - 2004 ; за време на меѓуетничиот конфликт во Р.Македонија непосредно пред тоа и во постконфликтниот период Антико во локалните заедници Гостивар, Тетово, Скопје , Кичево, Куманово, Крушево, Дебар и Битола и Пробиштип ордржа вкупно 538 мултиетнички настани каде учествуваа 4.547 жени од повеке националности и возрасни групи од градски и рурални средини. Жени од образовни и здравствени институции, жени работнички, домакинки- невработени жени, локалната самоуправа, политички партии; пензионерки, самохрани мајки, студентки, внатрешно раселени лица, жени од ранливи и маргинализирани групи во заедницата.

Достигнувања:
  • се потикна женското мултиетничко организирање, вмрежување и мировниот активизам - се фомираа 8 мултиетнички локални женски мрежи (Гостивар , Скопје , Куманово, Дебар , Кичево, Крушево, Битола, Пробиштип)
  • Се создаде простор за запознавање на меѓусебните култури, надминување на етничките предрасуди и стереотипи - барање на заедничка основа за решавање на проблемите, се превзедоа повеке иницијативи за создавање на промени во ниво на индивидуи, групи и заедницата
  • Се зајакнаа капацитетите - ефикасноста и ефективноста на мрежата на Антико во однос на спроведувањето на нејзината мисија- промоцијата на културата на мирот и ненасилството во локалните заедници на Македонија.
Се зајакнаа капацитетите - ефикасноста и ефективноста на мрежата на Антико во однос на спроведувањето на нејзината мисија- промоцијата на културата на мирот и ненасилството во локалните заедници на Македонија.

Во локалните заедници опфатени со војни дејствија отворивме Центри за психосоцијална заштита и хуманитарна поддршка за внатрешно раселените лица. Организиравме групите за самопомош,. Отворените телефонски линии на ,,Мировни разговори,, . Ги охрабривме сите тие кои чуствуваат потреба, да ги споделат со нас нивните мислиња, стравови и надежи за вракање на сигурноста и мирот во заедницата.

Испративме апели за мир, писма до релевантни институции во земјата и во меѓународни рамки со цел да влијаме да се решаваат проблемите преку дијалог , медијаторство, компромис и други ненасилни начини кои ке дадат придонес за помирување , вракање на довербата, меѓуетничка толеранција, почитување и заштита на човековите права и материјалните добра, сигурноста и ке овозможат повторно безбедна и здрава животна средина.
 
2. Тркалезни маси и јавни дебати. Се одржаа 34 тркалезни маси и јавни дебати на тема, Жените и мултикултурните кризи - како да го сочуваме мирот со 950 учесници од релевантни структури.

За време на меѓуетничкиот конфликт, Антико и нејзините членки, - активистки и 7 мултиетнички тимови - модераторки и фацилитаторки во локалните заедници на Р. Македонија, организираа јавни дебати, тркалезни маси и трибини.

Овие инициативи се реализираа во најтешките моменти на меѓуетничкиот конфликт, кога многу малку во заедницата имаше простор за меѓусебна комуникација и меѓуетнички дијалог. Активностите имаа исклучително значење бидејќи дадоа голем придонес за отварање на меѓуетничкиот дијалог во заедниците. Отворија нови теми и барања за заедничка основа и вредности за надминување на недоразбирањата и пореметените меѓуетнички односи и враќање на меѓусебната доверба во заедницата.

Достигнувања:
Антико, со одржувањето на 34 тркалезни маси и јавни дебати успеа да собира над 950 жени и мажи од различни етнички групи - преставници од политички партии, локална власт, граѓански организации, правници, новинари , медиуми, просветни и здравствени работници, родители и други влијатени личности и структури од заедниците, за да разговаарат , дебатират на теми на враќањето на меѓусебната, доверба решавање на проблемите по пат на дијалог и толеранција,почитувањето на различностите и барање на заедничка основа за соживот. Дел од активностите ги пренесуваа и локалните и националните медиуми. Одржаните настани и заклучоци беа објавени во локалните електронски медиуми.

Како дополнителен резултат на овие активности беа и превземените инициативи од страна на самите учесници/чки (особено во обласната на образованието) односно иницијативи за спречување на сегрегацијата на учесничките од различни националности во образованието , како и други локални активности и проекти реализирани преку индивидуалните инициативи на НВО членки на мрежата Антико во заедниците на Р.М.
 
Други резултати од последовалните(фолу-ап) активности
 
За време на вооружаниот конфликт ( 2001 )и во постконфликтниот период се иницираа и се даде поддршка на над 50 активности за градењето на мирот и решавањето на проблемите преку дијалог и толеранција на локално, регионално и меѓународно ниво.

Mirovni aktivnosti Антико со своето активно членство се вклучи во мировни активности на локално, национално и меѓународно ниво Таа спроведе низа на континуирани активности, како што се јавно застапување, лобирање, организирање и поддршка на мировни активности и кампањи за решавањето меѓуетничкиот конфликт во Македонија преку дијалог и ненасилни методи на делување.
  • 10 март 2001 меѓу првите упати апел до македонските релевантни институции и јавноста, за мирно решавање на меѓуетничкиот конфликт - 2001. Апелот беше упатен до сите медиуми на македонски, албански, турски и ромски јазик.
  • Отварање на 2 канцеларија за поддршка во Скопје и Гостивар и отворени телефонски линии "Мировни разговори"
  • Даде поддршка на повеке иницијативи и јавни апели за мир во соработка со други НВО и граѓански инициајативи ФОСИМ;; ЦИВИЛ; МЖЛ
  • Антико како партнер организација на Пакс Кристи, Цивил и други НВО на национално и локално ниво учествуваше во работата на Мировната коалиција и спроведувањето на кампањата "Мир без граници"
  • Мултиетнички тим на Антико учествуваше во Светската Конференција ,,Кон подобри практики за градењето на мирот,, во Холандија (European centre for konflikt prevention and Kontakt Der Kontinenten - 2001) каде имаше своја презентација и прес конференција. Тимот реализира повеке активности - јавно застапување и лобирање со цел да издејствува и влијае на релевантните институции и меѓународниот фактор за мирно решавање на конфликтот во Македонија
  • Учество на регионалната конференцијата,, Вмрежување на локално, делување на глобално ниво ( септември 2001 Сарајево) со преставници/чки од НВО, меѓународни организации , владини институции и преставничка на Работната група за рамноправност на половите при за Пактот за Стабилност.Испратија на Апел за Мир до владините институции во Македонија , регионот и меѓународниот фактор
  • Активно учество и давање на поддршка за мировните активности и инициативи Граѓанската мировна платформа "Доста е"
  • Преставничка на Антико учествуваше во работната група националната хуманитарна координација и координацијата на граѓанските организации предводена од МЦМС ( од јули 2001)
  • Тренинг за обучувачки на тема,Комукациски вештини и вештини фацилитирање и модерирање на настани во заедницата за време на кризни состојби.
    Тренинг обука за доедукација на 22 мировни активистки со цел да ги зголемат фацилитаторските вештини за фацилитирање и модерирање на настани и спроведување на јавни акции во подрачјата зафатени со војни дејствија. Фолуап активности
  • Активно учество во широката кампања на граѓанските организации на Р.Македонија "Моќта е во Народот"
  • Градење на заеднички простор за жените и мажите од повеке националности преку организиранње на активности и настани со отварење на табу теми под меѓуетничките односи вракањето на меѓуетничката доверба и развојот на мировните и демократските процеси во заедницата(трибини,работилници,дебати)
  • Организирање на 3 семинари на теми : идентитети , трансформација на конфликти и ненасилна комуникација за 155 преставнички од НВО, локалната самоуправа и политичките партии,
  • Организирање на 3 циклуса на 137 јавни настани- работилници со учество на 497 ученички на теми : Идентитети, улогата на жените во мировните демократиските процеси и изградбата на заедницата ; жените, мокта и демократијата , трансформација на конфликти, ненасилна комуникација и отворени разговори за мир и соживот
  • Со цел на зајакнување на жени и воспостовување на политички дијалог помеѓу жените од различни националности и политички партии Одржувавме циклус од 4 повекедневни семинари за жените од различни политички партии
  • Работа на терен -промовирање на лични примери на меѓуетничка соработка и доверба во заедниците кои беа зафатени со конфликтот
  • Отварања на центри давање на психо-социална, здравствена заштита и поддршка реинтеграција на внатрешно раселените лица од кризните подрачја од сите националности
  • Организирање на групи за самопомош
  • Членки на НВО мрежата на Антико учествуваа во работата домашни и меѓународни мировни контакт групи, каде ги пренесуваа идентификуваните проблем и потреби на жените од кризните региони зафатени со војни дејствија - ги застапуваа нивните интереси и права
  • Истражување "Резолуцијата 1325СЦР ОН" Колку Резолуцијата 1325 позната и применета од страна на граѓанскиот сектор во Македонија
  • Семинар за преставници од 36 НВОкои работат на изградбата на мирот и женските прашања на тема: ,,Запознавање со Резолуцијата 1325 СЦР.ОН и други меѓународни документи за заштита на жените и женските права
  • Антико лобираше и изработи стратешки цели за инкорпорирање и имплементирање на Резулуцијата СЦР ОН 1325 во Националниот Акциски План за Постигнување на Родовата Рамноправност во Р.Македонија, која беше прифатена од Секторот за Еднакви Можности ( МТСП)и оваа резолуцијата е инкорпорирана во во НАП за постигнување на родовата рамноправност во Р.Македонија
  • Во континуитет Антко обработува теми од областа на трансформацијата на конфликти и ненасилната комуникација, и превзема иницијативи за созадавање на сигурен простор за меѓуетничка интеракција и помеѓу младите средношколци од 8 локални заедници. Во ваков вид на активност се влкучени околу 1500 средношколци преку програмата за млади
  • Антико преку својата интеретничка мрежа продолжува со спроведувањето на иницијативи и активности за воспоставување на меѓуетничка соработка и изградбата на мирот и развојот на граѓанскиот активизам и волонтерство во заедницата.
Реализирани проекти:
  • Жените во изградба на мирот и заедницата 2000/2001
  • Заедно во 2002
  • Мир со себе - мир со сите
  • Жените , Мирот и сигурноста - Резолиуција 1325СЦР-ОН
 
 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Активности
 
Мировни иницијативи, активности и достигнувања
 
Мировен јавен активизам во заедницата
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.