Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА МИРОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА - МИР ВО СЕВЕ, МИР ВО СИТЕ
 
Реализирана активност:
Мировни иницијативи, активности и достигнувања
Датум:
 
 
Градење на капацитети
1. Организирани 12 Семинари и обуки за обучувачи- мировни активистки
.
 
Во рамките на оваа програма се реализираа 12 повекедневни обуки и семинари за обучувачи ; 34 тематски средби-состаноци ; фолу-ап активности : 269 работилници со 1698.

Семинарите и обуките помогнаа да се зајакнат индивидуалните капацитети на 22 мировни активистки - лидерки и активни млади жени кои во континуитет работат на промоцијата на културата на мирот, интеретничките односи , унапредувањето и заштитата на човековите права/женските права во локалните заедници на Македонија.

Во првата фаза - период од 1999 -2002 година целите и активностите на проектите на Антико беа насочени кон јакнење на индивидуалните капацитети на групата - се создаде мултиетнички тим од 22 мировни активистки - експерткикои живеаат и работат во 8 локални заеници на Р.Македонија . Обучениот тим даде придонес и поддршка на граѓанските организации и нивните индивидуални членки, јасно да ја одредат својата улога во заедницата, со цел да се интегрираат, вклучувајки поголем број на членки/ови , активистки/ти и волонтерки/ри.

Групата помина долг процес на освестување и ефективен организациски развој - преку примена на методологија на континуирана едукација и практична работа на терен. Исто така од големо значење беше пристапот и применетата практика на пренесување на стекнатите знаења и вештини на активистките во нивните матични организации.

Одржаните 12 обуки и семинари и паралелно со тоа 34 редовни месечни средби , состанци и тематски работилници дадоа голем придонес за развојот на групата и зголемувањето на нивните способности за ефективнто планирање, вмрежување, успешна реализација на активностите, следење и еваулација. Последователните активности - јавни акции во 7 локални заедици на Р.М беа од големо значење за постигнатите одржливи и мерливи резултати на ЖГИ АНТИКО.

Во овој период групата на едукаторки на Антико паралелно со едукацијата активно делуваше во заедниците преку реализирање 269 фолуап активности : мултиетнички работилници,тркалезни маси, јавни дебати, трибини со 1698 учесници.

Активностите се имплементираа во групна интеракција меѓу различните култури. Се создава сигурен простор за различностите, се стекнуваат знаења за идентитети, надминување на етнички стереотипи, предрасуди, моќ, вештини за креативна разработка на конфликти и техники на ненасилната комуникација. Овие активности дадоа придонес за содавање на сигурен простор за различностите и јакнење на женскиот идентитет и моќ во 8 мултиетнички заедници на Р. Македонија: Гостивар, Куманово,Тетово Кичево, Крушево, Битола, Дебар, Скопје.

Целни групи беа жени од повеке структури, возрасти и националности - просветни и здравствени работници, локална администрација, студентки домакинки , невработени жени.

Активности во заедницата овозможија да се зајакнат знаењата, вештините, искуствата и способностите на групата за превземање на мировни акции во заедницата во предконфликтниот период , за време на меѓуетничкиот конфликт во Р.М. ( 2001), а и постконфликтниот период . Тимската работа и моделите на работа кои се својствени за Антико овозможија да се зголеми меѓусебното почитување чуството на заедништвото, толеранција , солидарност и други вредности кој дадоа придонес за одржливиот развој и 10 годишното активно и успешно делување на Антико во локалните заедници на Македонија.

Едно од главните придобивки во женското организирање во Македонија што групата промовира успешни модели на тимско работење и мутиетничко вмрежување со цел да помогне и да влијае на реконструкцијата на женското хијерархиско организирање во Македонија, со претежно централистичка структура, автократно лидерство и нелојална конкуренција.

Антико, секогаш се залага за етички и професионални пристапи и принципи на комуникација и соработка во рамките на своето членство , а и сите други актери во општеството со кој соработува и е во постојана интеракција.

Одржувани семинарите и обуките 1999-2002:
Учесници: основачи и членки на Антико - активни жени и лидерки на женски невладини организации од различен етнички состав, возраст, професии од локалните заедници на Македонија.

Жени активистки кои беа спремни да работат во мултиетнички состав и имаа заедничка визија во однос на градењето на мирот и развојот на мултиетничките односи во заедницата,како и унапредувањето и заштитата на женските права.

Тимовите на обучувачи/ките на семиинарите и обуките беа феминистки и експертки од Македонија , Регионот и пошироко: Нуна Звиздич - Жена - Женама - Сарајево; Билјана Кашиќ- Центар за Женски Студии Загреб ; Азбија Мемедова - Центар на ромите Скопје; Рада Борич- Центар за Жени Жртви рата - Загреб; Радмила Жаркович- Жени во Црно - Београд; Маријана Динек Форма- Ф - Посушје; Суад Мисими - Центар за граѓанско општество- Скопје Весна Котевска-феминистка и експертка од Скопје; Душица Петрович - експертка од Белград.

За јакнење на капацитетите, развојот на групата и успешното спроведување на активностите на терен од големо значење е и волонтерска работа - поддршка и помош што ја дадоа активистките за женските човекови права и изградбата на мирот Бориана Јонссон . Афердита Хаџијаха Имери; Тања Луберс и други истакнати феминистки и активистки за заштита на женски човекови права од регионот и пошироко.
 
 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Активности
 
Мировни иницијативи, активности и достигнувања
 
Мировен јавен активизам во заедницата
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.