Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОЕКТ: ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ - ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА
 
Реализирана активност:
Активности: истражување, формирање на тим на обучувачи (ТОТ); прирачник за едукатори/ки, организирање на 324 интерактивни работилници со учество на 1.367 средношколци
Датум:
 
 
Мрежата на Антико од 2004-та година освен работилници и семинари со жени на важни теми од градењето на мирот во заедницата, меѓуетничките односи и родовите прашања, започна континуирана работа и активно делување со средношколци во 8 локални заедници на Република Македонија. Во текот на 2005-та година спроведовме истражување – анкетирање на 1.133 средношколци од 17-20 годишна возраст. Добиените резултати од анализита ни дадоа јасна слика за состојбите, проблемите и потребите на младите. Врз основа на добиените резултати дизајниравме програма за работа, ги избравме целните групи и изработивме прирачник за интерна употребакој им послужи како алатка на нашите 20 едукаторки кои посетија дополнителна обука за обучувачи (ТОТ) за зголемување на знаењата и способностите за успешно фацилитирање и спроведување на метологијата на интерактивна работа со млади. Едуцираните локални тимови на Антико фацилитираа 144 мултиетнички работилници. Работилниците се реализираа во 3 циклуси во времетраење од 3 месеци за една група на учесници. Во нив учествуваа 543 средношколци, од кои 334 девојки и 209 момчиња од Куманово, Скопје, Битола, Кичево, Дебар, Пробиштип, Крушево и Гостивар. Работилниците дадоа придонес во создавањето на услови и можности за меѓуетничка интеракција, зголемување на комуникацијата меѓу младите, намалување на етничките и родовите стереотипи и предрасуди. Индикатор за оствареното позитивно влијание се и 15 заеднички иницирани, организирани и спроведени јавни акции во заедницата од страна на целните групи на актуелни табу теми од меѓуетничките односи и родовите прашања.
 
При реализирањето на активностите неформалната група соработуваше и со други засегнати страни во заедницата, дебатираа ги изнесуваа своите мислења и ставови во однос на развојот на меѓуетничките односи и зголемувањето на меѓусебната соработка, толеранција и дијалог. Во рамките на проектот „Партнерство за еднаквост“ во 2006 година се реализира анкета со средношколци (1.187 – ученици од втора и трета година). Истражувањето имаше за цел да даде јасна слика за нивото на присутност на етнички и родови предрасуди и стереотипи меѓу средношколците од различни етнички групи. Ова истражување ни помогна во дизајнирањето на едукативната програма со модули кои дадоа адекватен одговор за надминување на постоечките предизвици. Во текот на 2006, 824 средношколци учествуваа во циклуси од 180 мултиетнички работилници во 8 локални заедници на Република Македонија. Како резултат на работилниците, од страна на целната група произлегоа иницијативи и се формираа 8 неформални групи со мултетнички состав. Членовите на мултиетничките групи се дружеа и работеа заедно. Тие иницираа и спроведоа 17 јавни акции во заедницата на теми од меѓуетничките и родовите односи, етничките и родовите стереотипи, развојот на граѓанскиот активизам, волонтерството, запознавање на меѓусебните култури, човековите/женските права и други актуелни теми во заедниците. Во реализираните активности во рамките на локалните акции учествуваа над 1.200 средношколци професори, училишни педагози, психолози, родители, преставници од локалната самоуправа и други релевантни институции.
 
Спроведените активности во рамките на двегодишниот пилот проект реализиран во 8 мултиетнички локални заедници на Република Македонија, на програмските тимови на Антико им послужија како добри практики и големо искуство во дизајнирањето на сеопфатната програма за млади, која ќе ги третира прашањата на мултетничката соработка, поттикнувањето на граѓанскиот активизам, придонес кон родово сензибилизирање на младите и градењето на мирот во заедницата.
 
Спроведената метологија на работа се покажа како многу ефективна во оваа фаза на делување, бидејки таа преставуваше основен чекор кој беше насочен кон мотивацијата, освестувањето и потикнувањето на младите (примарната целна група) односно намалување на етничките предрасуди, стереотипи, социјалната дистанца и сегрегација врз основа на етничкото потекло.
  

Следните чекори на кои работеше програмскиот тим беа развивање на адекватна метологија на работа, дизајнирање на модули за тренинг за тренери и креирање, издавање и публикување на прирачник „Школа за Мултикултурализам“ кој ќе им послужи на идните обучувачи во заедниците како дополнителна алатка да ги зајакнат нивните капацитети во мултиплицирање на знаењата (PEERедукација) со други  групи на младинци од мултетничките заедници. Покрај тоа, во меѓувреме беа организирани низа на семинари и обуки за членовите на програмските и проектните тимови на Антико сé со цел да се зајакнат нивните капацитети – да стекнат, нови знаења, искуства и добри пракси кои ќе имаат дополнително влијание во планирањето, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на проектите.

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Креирање на услови за изградбата на мирот – превенција на насилството/конфликтите - воспоставување на комуникација и интеракција помеѓу млади од различни етнички групи
 
Активности: истражување, формирање на тим на обучувачи (ТОТ); прирачник за едукатори/ки, организирање на 324 интерактивни работилници со учество на 1.367 средношколци
 
Зајакнување на капацитетите за изградбата на мирот во заедницата
 
Организирани конференции, јавни дебати и форуми на теми „Младите и мултикултурализмот“
 
Реализирани семинари „Школа за мултикултурализам“ – активности и постигнати резултати
 
Прирачник „Школа за мултикултурализам“
 
Поддршка за унапредувањето на граѓанскиот активизам – преку волонтерство и давање менторска поддршка од страна на локалните НВО членки на мрежата на АНТИКО
 
Активности и постигнати резултати на волонтерите и менторите во работата на локалните организации, членките на мрежата на АНТИКО
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.