Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОЕКТ: ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ - ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА
 
Реализирана активност:
Прирачник „Школа за мултикултурализам“
Датум:
 
 

ПрирачникотШкола за мултикултурализам“ е приказ на тренинг програма, градена врз 11 - годишното искуство на Антико во активна работа во промоцијата на културата на мирот и ненасилството во мултиетничките заедници на Република Македонија. Тој истовремено преставува инкорпорирање и пренесување на знаења, искуства и добри пракси и на други мировни групи и организации во регионот. Прирачникот е подготвен да им послужи како дополнителен ресурс на сите оние поединци и групи кои сакаат да му се посветат граѓанскиот активизам и работата во полето на градењето на мирот и заедницата. Програмата за млади е базирана врз приципите и вредностите на човековите права, мултиетничноста, толеранцијата, солидарноста, прифакање на различностите, вмрежувањето, дијалогот, граѓанскиот активизам, волонтерството и други вредности кои ја карактеризираат метологијата на работа и делувањето кон кое се стреми Женска граѓанска иницијатива АНТИКО.

Овој прирачник дава сеопфатни информации и знаења за содржината на тренинг програмата – модулите, метологијатата на работа, работните материјали и др. Составен дел на прирачникот е и Практикумот – Активности во заедницата. Прирачникот „Школа за мултикултурализам“ (преземи) е печатен на македонски и албански јазик и е планирана активност во рамките на годишната програма на Антико за 2010-та година, поддржана од програмата CIVICA Mobilitas, имлементирана од Центарот за институционален развој - ЦИРа и финансиски поддржана од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија.

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Креирање на услови за изградбата на мирот – превенција на насилството/конфликтите - воспоставување на комуникација и интеракција помеѓу млади од различни етнички групи
 
Активности: истражување, формирање на тим на обучувачи (ТОТ); прирачник за едукатори/ки, организирање на 324 интерактивни работилници со учество на 1.367 средношколци
 
Зајакнување на капацитетите за изградбата на мирот во заедницата
 
Организирани конференции, јавни дебати и форуми на теми „Младите и мултикултурализмот“
 
Реализирани семинари „Школа за мултикултурализам“ – активности и постигнати резултати
 
Прирачник „Школа за мултикултурализам“
 
Поддршка за унапредувањето на граѓанскиот активизам – преку волонтерство и давање менторска поддршка од страна на локалните НВО членки на мрежата на АНТИКО
 
Активности и постигнати резултати на волонтерите и менторите во работата на локалните организации, членките на мрежата на АНТИКО
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.