Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОЕКТ: ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ - ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА
 
Реализирана активност:
Реализирани семинари „Школа за мултикултурализам“ – активности и постигнати резултати
Датум:
 
 
2010 година
 
Постигнати резултати:
 
Една од многу значајните активности на годишната програма на Антико за 2010-та година беше и циклусот на 2 тродневни семинари оранизирани во рамките на програмата: „Школа за мултикултурализам“. Добиениот фидбек од страна на учесниците беше многу позитивен. Тие покажаа висок степен на заинтересираност, активност и вклученост во сите етапи на активностите – како за време на семинарот, така и во слободното време со меѓусебно организирање и дружење. Усната и писмената евалуација, а и продолжувањето на меѓусебната комуникацијата и соработката со програмскиот тим на Антико и нивното активно вклучување во follow up активности во заедницата беа јасни показатели за висок степен на постигнати цели и резултати.
 
Пријатната атмосфера за работа и креирањето на кохезијата помеѓу партиципантите беше на високо ниво. Фацилитаторите и целиот тим на Антико беа прифатени како дел од групата. Партиципантите блиску соработуваа меѓусебе и беа многу активни. Тие  заедно и креативно го поминаа и неформалниот дел на семинарот.
 
Од реализираната писмена евалуација во вид на прашалници ги добивме овие резултати. Генерално, Школата 77% од партиципантите ја оценуваат со највисока оценка (5), а 23% со многу добра (4) – средна оценка 4.77. За тоа колку стекнатите знаења ќе им користат во иднина 73% се изјасниле со највисока оцена (5) додека 27% од нив со 4. Фацилитаторите ги оценуваат како одлични 82% од учесниците, додека многу добри 14%, а како добри само 4%. Од анализата дојдовме до заклучок дека семинарот во зависност од обработените теми имал свое влијание на 3 нивоа: индивидуално ниво, на ниво на групата и на заедницата. Изјави за остварено влијание во ниво на обработените теми се изјасниле: стереотипи и предрасуди – 3 учесници: „Овие сесии влијаеја да ја променам перцепцијата, ми отворија поширока перспектива кон нештата“; Културни вредности (2), ,,...бидејќи се најприсутни во секојдневието, а ова на одличен начин беше доловено и имаше свое големо влијание...“ ; 5 - мина се изјаниле за Концептот на мир и конфликти „...ова е многу потребно да се знае во секојдневниот живот затоа што поттикнува да имаме тродимензионално мислење и помага да ги визуелизираме проблемите... „ова ни помага да дојдеме до алтернативни решенија...“ заклучокот е дека тоа колку што е штетно толку е и корисно“; Еден учесник за темата  перспективи: „ играта влијаеше на најдобар начин да се разбере и да оствари влијание кај мене...“. На 11 учесници им се допаднале сите теми поради отворените дебати, размената на мислења, релаксираната атмосфера, поради игрите, интерактивноста, отворениот разговор – научиле да ги насочат позитивно конфликтите, дикусиите, поврзаноста на игрите со секојдневниот живот низ целиот тек на семинарот.
 
На прашањето: „Овој семинар ми даде идеи, кои во иднина би ги применил/а?“
13 учесници одговориле дека: научените работи ќе ги применат во општеството, се здобиле со идеи како да се активираат и да се соочат со општествените проблеми. Станале поинформирани и би сакале успешно да делуваат во ова поле. Додека 6-мина од нив се изјасниле: „би ги примениле овие знаења во нашето мултиетничко општество“. Сакаат да остварат почести контакти со луѓето од други култури, научиле како да се однесуваат со другите, добиле идеи за соработка со мултиетнички групи – би направиле заедничка театарска престава од мултиетнички карактер. 1 учесник добил можност за отворен разговор на овие теми и ги надминал „емоционалните проблеми“ кои ги имал за овие прашања, се стекнал со самодоверба.
 
Препораки – најголемиот дел на учесниците се изјасниле дека: „Школата за мултикултурализам“ е одлична! и треба да се продолжи со истиот начин на работење. Но, во препораките е споменато дека овие школи треба да бидат повеќедневни, а во понатамошното организирање да се опфатат други слични теми, повеќе организирани вечерни активности и летни школи.
 
Во мониторинг извештајот на Антико покрај другото како заклучок се наведува„Низ целиот тридневен семинар партиципантите комуницираа едни со други без разлика на нивната етничка припадност, возраст или пол. Тие не само што контактираа туку беа отворени за критики, се слушаа и разговараа на теми коишто можат лесно да побудат конфликти. – мултикултураизмот беше дел од овој семинар не само како тема на изучување, туку и самите партиципанти беа симболи на мултикултурамизмот. Преку ваков тип на настани на младите им се дава можност за поинаква перцепција на општеството,, - Илина Нешиќ - програм координаторка
 
Целната група во втората фаза, спроведе follow up активности во заедницата – односно 68,18% од учесниците реализираа практикум во заедницата, приклучувајќи се како волонтери, активисти во локалните организации – членки на НВО мрежата на АНТИКО.
 
Информации за процесот, активностите, содржината и метологијата на работа на „Школата за мултикултурализам“ 
 
Првиот циклус на семинариШкола за мултикултурализам“ се одржа на 23, 24 и 25 април 2010 година, во Охрид - хотел „Климетица“, додека вториот на 19, 20 и 21 октомври 2010 година во хотел „Солферино“, Струга. Темата на семинарот предизвика голем интерес кај младите. На конкурсот објавен во дневните весници и на веб страницата на Антико се пријавија 66 кандидати од 19 различни градови. Основните критериуми за избор на кандидати беа: мотивација, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење (од урбани и рурални средини на Р. Македонија). Запазувајќи ги овие критеруми се направи потесен избор на 22 многу мотивирани млади учесници/ки   од 13 локални заеници на Република Македонија. Просекот на возраста на учесниците беше 21 година, а градовите од кои доаѓаа се следните: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Охрид, Берово, Делчево, Штип, Велес, Неготино и Македонска Каменица. Во рамките на оваа активност на учесниците им беше поделен печатен прирачник на 2 јазика (македонски и албански), кој ќе им послужи како алатка за зголемување на нивните знаења и вештини за нивно понатамошно активно делување во заедницата.
 
Методологијата на работа беше интерактивна со пристапи на искуствено учење, групна работа, водење на дискусии играње на улоги, наслушување на групната динамика, снимање на влезната и излезната состојба, која овозможи да се создаде сигурен простор за интераакција помеѓу различни културни идентитети, и придонес за надминување на одредени предрасуди и стеротипи, прифакање на различни мислења, отворен разговор, на „табу“ теми кои помогнаа да се создаде демократски контекст каде не се внимаваше само на постигнувањето на целите, туку и следењето на самиот процес. Семинарите беа организирани и реализирани според принципот „Млади за млади“. Тимот на Антико кој го подготви, фацилитира и мониторира процесот беше составен од млади лица.

Фацилитаторки на семинарите беа Ардита Зекири и Сихана Небиу, повеќегодишни активистки и соработнички на АНТИКО. Нивното искуство на работа во мултиетничка средина и во областа на мултикултурализмот како на национално, така и на меѓународно ниво се покажа како релевантно и даде дополнителен придонес за успешноста на овие организирани активности.

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Креирање на услови за изградбата на мирот – превенција на насилството/конфликтите - воспоставување на комуникација и интеракција помеѓу млади од различни етнички групи
 
Активности: истражување, формирање на тим на обучувачи (ТОТ); прирачник за едукатори/ки, организирање на 324 интерактивни работилници со учество на 1.367 средношколци
 
Зајакнување на капацитетите за изградбата на мирот во заедницата
 
Организирани конференции, јавни дебати и форуми на теми „Младите и мултикултурализмот“
 
Реализирани семинари „Школа за мултикултурализам“ – активности и постигнати резултати
 
Прирачник „Школа за мултикултурализам“
 
Поддршка за унапредувањето на граѓанскиот активизам – преку волонтерство и давање менторска поддршка од страна на локалните НВО членки на мрежата на АНТИКО
 
Активности и постигнати резултати на волонтерите и менторите во работата на локалните организации, членките на мрежата на АНТИКО
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.