2010 – година
Одржана Национална Конференција на тема „Младите и мултикултурализмот - како го чувствуваме духот на мултикултурализмот“
Националната конференцијата се одржа на 14.12.2010 година во хотел „Континентал“ во Скопје. Целта на конференцијата беше да се отвори дебата и да ги поттикнеме младитe лица – студенти од Универзитетите во Македонија, претставници од младинските граѓански организации, претставници од младинските форуми на политичките партии и други засегнати страни, да создадат отворен и сигурен простор за меѓуетничка интеракција – да споделат мислења, искуства, ставови за културните предизвици, како и практични решенија за развојот на мултикултурното општество. На конференцијата беа присутни 40 млади лица од различно етничко потекло од 14 градови од Република Македонија.
Воведничарите на конференцијата во своите излагања се осврнаа на: општите поими/ дефиниции за мултикултурализамот, примери од праксата за прифаќање, односно неприфаќање на мултикултурализмот и позитивните аспекти во однос на практикувањето на мултикултурализмот, како и индивидуалните заложби кон градењето и унапредувањето на мултикултурализмот (Џабир Мемеди Дерала, Претседател на CIVIL).
Александар Петковски, извршниот директор на Институтот за пaрламентарна демократија говореше за мултикултурализмот во пракса и го пренесе своето животно искуство. Модераторка на конференцијата беше Лилјана Алчева, долгогодишна експертка и активистка во цивилниот сектор (Програм директор на Habitat for Humanity Macedonia).
Препораките кои произлегоа како резултат на конструктивната дискусија и практичните примери на учесниците акцентираат неколку клучни сегменти на кои треба да се обрне внимание со цел подобрување на практичната имплементација на мултикултурализмот – преиспитување на сопствените вредности и ставови, критички осврт кон себе и случувањата во непосредната околина, поголема солидарност, разбирање и толеранција за различностите; едукација во семејството и образовниот процес од најмала возраст и сл. Настанот медиумски беше поддржан од: Алфа ТВ – гостување на утринска програма „5 до 7“ на 14.12.2010 година, MTM ТВ – гостување во емисијата „Колосек“ на 16.12.2010; Канал 77 – најава на конференцијата (телефонско интервју) за радиото на 13.12.2010.
Јавни дебати во мултиетничките заедници на Р. Македонија
17 март 2011 – Општинска средба во Кичево
Интегрирано образование – „Училиштето е место каде се учи мултикултурализмот“
На 17 март 2011 АНТИКО во партнерство со ЦИВИЛ и МОФ организира општинска средба на тема: „Имплементацијата на стратегијата за интегрирано образование“. На настанот беа присутни: Високиот комесар за национални малцинства Кnut Volleabaek, вицепремиерот Абдулаќим Адеми, Министерот за образование Никола Тодоров, градоначалникот на општина Кичево, Благоја Деспотовски, советници на општината, директори, наставничкиот кадар на кичевските училишта, училишни педагози, преставници на родителските совети, студенти, и преставници од локални граѓански организации. По кратката презентација на организаторите и преставниците од меѓународните и владините структури во однос на целите на средбата и содржината на Стратегијата за интегрирано образование и нејзините различни аспекти и можностите кои ќе се отвораат со нејзиното интегрирање во општеството.
Во дебата се вклучија повеке дискутанти кои дадоа свои видувања околу моменталните состојби во образованието и во однос на интегрираниот пристап кој овозможува поголема меѓусебна интеракција на учениците од различни националности. Од дебатата произлегоа повеке заклучоци и препораки кои беа упатени до надлежните институции кои се одговорни да обезбедат максимални услови за имплементација, но и некои измени во однос на содржината на Стратегијата за кои постоење критично мислење.
Логистичка поддршка за организирање на настанот беше дадена од страна на НВО членката на мрежата на Антико, „Здружение на жени Албанки“ од Кичево, раководена од Миде Неџепи – членка на извршниот орган на Антико.
19 Април 2011 година
Тематска дискусија – Интегрирано образование – Скопје
На 19 април во „Клуб на новинари“ беше организирана тематска дискусија „Интегрирано образование“ каде учествуваа ученици од средните училишта, директори на училиштата, професори, училишни педагози и психолози, локалната самоуправа, претставници на ОSCE и граѓански органицации, претставник на град Скопје, Министерството за образование, Бирото за развој на образованието и др. По кратката презентација од страна на претставничката на ОSCE - за поимот интегрирано образование и како засегнатите страни можат да дадат придонес за имлементацијата на стратегијата, акцентот беше ставен на разбирањето на Стратегијата и идеите како таа да се имплементира наспроти трендот на сегрегација кој започнува во училиштата. Се разви жестока дискусија од страна на учесниците во однос на содржината, предностите, а и недостатоците на стратегијата. Беа извлечени повеќе заклучоци и препораки кои ќе се упатат до надлежните институции на разгледување.
Настанот го иницираа и организираа Цивил – Центар за слобода, Женската граѓанска иницијатива Антико и Младински образовен форум, во соработка со Канцеларијата на ОSCE.
|