Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОЕКТ: ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ - ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА
 
Реализирана активност:
Активности и постигнати резултати на волонтерите и менторите во работата на локалните организации, членките на мрежата на АНТИКО
Датум:
 
 
Активности и резултати во 2010 година
 
Со цел зголемување на свеста и поттикнување на младите за активно граѓанско учество, волонтерство и промовирање на мултикултурализмот во заедниците, се пристапи кон практична имплементација на програмата за волонтери. Во периодот септември – декември младите волонтери од различна етничка припадност (возраст од 18 – 25 години) беа ангажирани во 10 локални организации од мрежата на Антико - Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Охрид, Куманово, Битола, Пробиштип, Ресен и Скопје. За ментори се именуваа членки и соработнички на ЖГИ Антико коишто беа учеснички на обуката „Работа со волонтери“ и имаат искуство во работата со граѓанскиот сектор.
 
„Школата за мултикултурализам“ и обуката „Работа со волонтери“ како планирани активности во рамките на годишната програма на Антико во 2010 година дадоа придонес за регрутација на  нови волонтери. Од вкупно 22 учесници на „Школата за мултикутурализам“, 15 млади учесници (68,18%) се определија да ја поддржат мисијата на Антико и се приклучија да волонтираат во организациите членки на мрежата на Антико во 10 локални заедници во Македонија. За постигнување на очекуваните резултати, Антико за волонтерите обезбеди и менторска поддршка. Менторската поддршка се реализира од страна на членки од 10 локални организации кои поминаа 3 дневна обука „Работа со волонтери“. До крајот на месец декември 2010 година, освен учесниците на „Школата за мултикултурализам“ во организациите се приклучија и нови волонтери и нивниот број се зголеми на 67. Значајно е да се истакне дека „Школата за мултикултурализам“ даде придонес да се надминат постоечките етнички и родови стереотипи и предрасуди кај младите. Ова го поткрепуваме со фактот што учесниците се определија да волонтериаат во мултиетнички состав, односно во организации чии членови или раководство се од друга национална припадност (што до тогаш не беше пракса). Исто така, учесниците од машки пол, надминаа некои родови бариери кои постојат во општеството и во поголем број се определија да волонтираат во организации кои делуваат во областа на женските прашања, што не беше случај пред реализирањето на овие активности.
 
Активности во кои беа вклучени волонтерите:
 
Волонтерите беа вклучени и учествуваа во подготовките, организирањето и реализацијата на мултиетнички работилници, обуки, семинари, хуманитарни и други видови јавни настани (организирање на целни групи, испраќање на покани, телефонска комуникација, подготовка на информации и текстови, логистичка поддршка и директно учество на настаните организирани од Антико и локалните организации). Тие исто така дадоа придонес во подготовката на проекти и извештаи, преводи, фотокопирање, средување на документацијата во организациите каде што волонтираат. Нивната активност особено беше значајна при спроведувањето на јавните перформанси за време на реализацијата на Кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“ (анкетирање, дистрибуција на промотивен материјал и други теренски активности во мултиетнички заедници).
 
Придобивки: Воспоставена комуникација и соработка помеѓу младите од различни етнички заедници, зголемено е нивното чувството за одговорност и припадност во организациите и заедницата, зголемени се нивните знаења и вештини за подготовка на проекти и извештаи, организирање на настани и имплементација на активности во граѓанските организации (волонтерите подготвуваат извештаи, спроведуваат и организираат активности, фацилитираат работилници и сл.).
 
Активности и резултати во 2011 година
 
Во првиот квартал од оваа година беа ангажирани 74 волонтери во 10 локални организации од мрежата на Антико – Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Крушево, Куманово, Битола, Пробиштип, Ресен и Скопје. Во поголем дел од организациите волонтерите кои беа ангажирани минатата година продолжија да волонтираат, но во некои организации се приклучија и нови волонтери.
 
Основни активности кои беа реализирани во овој период беа информирање на младата популација за можностите за волонтирање во организациите преку посета на образовните институции и дистрибуција на информативни флаери:
- Регрутирање на нови волонтери
- Учествуваа на работилници кои имаа за цел новите волонтери да ги запознаат со личната карта на организацијата и мрежата на АНТИКО, условите за волонтирање, задачите и одговорностите на волонтерите, како и запознавање со вредностите и придобивките на мултикултурализмот, граѓанскиот активизам, етничките и родовите предрасуди и стереотипи, вредностите на родовата рамноправност, улогата на граѓанското општство во процесите на креирање политики и демократизација на земјата.
- Волонтерите беа активни организатори и учесници во активностите на организациите за одбележување на Денот на жената 8-ми март (Пробиштип, Скопје, Дебар, Куманово, Битола, Тетово, Кичево) и Светскиот ден за борба против ракот (Крушево); беа ангажирани во спроведување на локални акции (Дебар, Гостивар, Битола); земаа учество во организирани трибини за семејно насилство (Гостивар, Крушево) и дистрибуираа флаери до невработените граѓани со огласи за вработување (Крушево); во Кичево волонтерите учествуваа на трибина за Стратегијата за интегрирано образование и на обука за проектен циклус; посебно беа активни волонтерите од организацијата во Тетово кои беа учесници на обуки и трибини – за пререгистрација на организациите, за законот за спречување на перење пари, меѓуетнички конфликти, вработување на младите, потоа го помогнаа процесот на подготовка на документите за пререгистрација, одржување и сервисирање на компјутерската опрема во организацијата, правни совети; волонтерите од Гостивар во мултиетнички состав спроведоа неколку хуманитарни активности во соработка со волонтерите од Црвен крст, работеа на подготовка и преводи на проекти и беа вклучени во анкетирање за потребите на локалната акција; во Скопје, волонтерите беа ангажирани за спроведување на тековните активности во извршната канцеларија, подготвија планови за практична имплементација на неколку нивни идеи во мултиетнички средини, и учествуваа на неколку работилници организирани за родова едукација на државните службеници при ЕЛС; волонтерите во Ресен, активно учествуваа на две креативни работилници, на работните состаноци и беа вклучени во тековните активности на организацијата.
 
Достигнувањата во имплементацијата на програмата за обука на волонтери 
 
- Зголемен е бројот на волонтерите во однос на минатата година од 67 на 74, со тенденција и понатаму да се зголемува поради покажаниот интерес на младите за волонтерство и активизам; 
- Зголемена сензибилизираност на младите во однос на потребата од надминување на постоечките меѓуетнички и родови стереотипи; 
- Зајакнати се хуманите ресурси/капацитети на локалните невладини организации;
- Зајакната е самодовербата на волонтерите; зголемени се знаењата и вештините за граѓанскиот активизам во заедницата, како и чувството на одговорност кое дава придонес за одржливиот развој на заедницата.
 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Креирање на услови за изградбата на мирот – превенција на насилството/конфликтите - воспоставување на комуникација и интеракција помеѓу млади од различни етнички групи
 
Активности: истражување, формирање на тим на обучувачи (ТОТ); прирачник за едукатори/ки, организирање на 324 интерактивни работилници со учество на 1.367 средношколци
 
Зајакнување на капацитетите за изградбата на мирот во заедницата
 
Организирани конференции, јавни дебати и форуми на теми „Младите и мултикултурализмот“
 
Реализирани семинари „Школа за мултикултурализам“ – активности и постигнати резултати
 
Прирачник „Школа за мултикултурализам“
 
Поддршка за унапредувањето на граѓанскиот активизам – преку волонтерство и давање менторска поддршка од страна на локалните НВО членки на мрежата на АНТИКО
 
Активности и постигнати резултати на волонтерите и менторите во работата на локалните организации, членките на мрежата на АНТИКО
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.