 |
 |
| ИЗГРАДБА НА МИРОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА - МИР ВО СЕВЕ, МИР ВО СИТЕ |
| |
|
| |
Програмата е насочена кон промоцијата на културата на мирот и ненасилството, подобрување на меѓучовечките и меѓуетничките односи, промоција на вредностите на демократијата, дијалогот и толеранцијата.
Афирмирање на важноста и безбедноста на секоја индивидуа во сите нејзини димензии: физичката сигурност, социо - економската, почитување на човековото достоинство и право на идентитет и вклученост.
Нашите заложби се: создавање на општенствени промени кои произлегуваат од принципите на ненасилството со интеракција со различните чинители на општеството.
Предизвиците за изградбата на мирот и сигурноста ја разбираме како многу комплесно прашање. Ова неподразбира само непостоење на вооружен конфликт. Под поимот Мир разбираме : економска, социална, културна благосостојба. Мир значи непостоење на сиромаштија и почитување на човековите права за сите луѓе - различни и маргинализирани. Мир значи здрава животна средина за секое суштество.
Стратешки цели на програмата:
- мобилизирање на жените и младите во мултикултурните општества во промовирањето на позитивните цели и идеали за толеранција, еднаквост, достоинство, човечки права, граѓански активизам демократија, социална правда и вклученост
- Промовирање и потикнување на граѓанскиот активизам како битен чинител и вредност на демократијата,општествениот развој и одржливиот мир.
- Преку примена на интеркултурното образование, да се даде придонес кон обезбедувањето на континуиран стимуланс за интеракција и акција која ке ги вклучи сите во процесот на изградбата и развојот на заедницата
Активности:
- Иницирање и поддршка на мировни инициативи и активности во заедниците
- Активности и инициајативи за градење на капацитети
- Јавно застапување и зголемување на јавната свест
- Создавање на сигурен заеднички простор на интеракција за различностите
- Потикнување и поддршка за развојот на волонтерство и граѓанскиот мировен активизам
- Примена на кохерентни локални модели на меѓуетничка соработка
- Мониторинг , следење и еваулација на резултатите и достигнувањата
Форми на работа:
- Едукација:
- Интеркултурно образование; трансформација на конфликти и ненасилна комуникација ; промоција на културата на мирот и ненасилството
- Одржување на обуки и обуки за обучувачи
- Одржување на семинари, работилници, јавни дебати ; тркалезни маси , трибини
- Освестување, потикнување, организирање, поддршка
- Вмрежување, промовирање,, поддршка на поединци и групи
- Организирање на прес конференции, печатење и дистрибуција на промотивни, едукативни иинформативни материали, радио и тв емисии , тв спотови, локални други форми на делување со цел да се даде придонес за развојот на волонтеството, мировниот и граѓанскиот активизам во заедниците
- Иницирање и поддршка на мировни иницијави и јавни акции во заедницата
- Иницијативи за фомирање на мултиетнички волонтерски клубови во заедницата.
Целни групи:
Жени и млади од различни структури, возрасти и националности - просветни и здравствени работнички/ци, преставнички/ци од локалната власт и администрација, преставнички /ци од политичките партии, средношколци, студентки/ти домакинки , невработени жени/ млади од урбани и рурални средини.
Принципи и вредности врз кои се базира програмата:
Рамноправност, ненасилство, толеранција, солидарност, дијалог и соработка, граѓански активизам, одржлив развој, одговорност , транспарентност , мултикултурализам,почитување и заштита на човековите права, партиципативна демократија, социјална правда и вклученост. |
| |
|
| |
 |
| |
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА |
| |
Активности |
| |
Мировни иницијативи, активности и достигнувања |
| |
Мировен јавен активизам во заедницата |
| |
| |
 |
| |
| |
|
|