Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 09 јуни 2026
ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ - ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА
 
 

Меѓуетничките конфикти во земјата и регионот оставија длабоки траги во социјалните односи. Процесот на трансформација во демократско и граѓанско општество е многу сложен процес кој бара активно вклучување на групи и поединци кои промовираат вредности базирани на човекови права и култура на активно учество во изградбата на заедницата. Во оваа област од големо значење е активното делување на младите од мултиетничките заедници. Инициjативите на младите се од голема важност во намалувањето на социјалната сегрегација и етничките предрасуди кои се јавуваат како последица на негативни ставови кон тие кои се поразлични од нив. Ова всушност претставува и појдовна точка за конфликтите и дискриминацијата.

Прашањата околу иницирање и воспоставување на позитивни промени во однос на постоечките негативни етнички ставови – предрасуди и стереотипи, како и зголемувањето на етничката интеракција и граѓанскиот активизам се приоритетни области на делување на НВО мрежата на Женска граѓанска иницијатива Антико, која 11 години активно дава придонес во изградбата на мирот и мултиетничките односи во локалните заедници на Република Македонија.

Програмата „Школа за мултикултурализам, граѓански активизам и демократија“ е одговор на потребата за зајакнување на капацитетите за изградбата на мирот во заедницата, простор за слободен развој на поединци и групи втемелен на соработка и поврзување. МИР, НЕНАСИЛСТВО, АКТИВИЗАМ, ЗАЈАКНУВАЊЕ, ЗАЕДНИЦА, ПОВРЗУВАЊЕ се основите поими на програмата за создавање на трајна рефлексија за приципите и пристапите кои го означуваат дијалогот и делувањето. 

Јакнењето на млaдите се однесува на активен однос кон општествените збиднувања, преземање на одговорност кон личен развој и развој на заедницата преку поставување на одржлива мултиетничка структура како што се волонтерски групи, младински клубови, здружение на граѓани и сл.
 
Главни инструменти за зајакнување кои ги користиме во работата со младите е искуственото учење, менторската поддршка, меѓусебното поврзување и активно делување во заедницата преку иницирање и спроведување на јавни акции од страна на целната група (од мултиетнички состав).
 
СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА „ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА“
 
Програмата е составена од три фази:
 
Фаза I - Креирање на услови за превенција на насилството во мултиетничките средини – Создавање на простор за меѓуетничка комуникација на млади од повеќе етнички групи.
Активности: работилници, семинари и обуки на табу теми од меѓуетничките односи, трансформација на конфликти и ненасилна комуникација, родови прашања.
 
Фаза II – Поставување на темели за мировно делување. Зголемување на мотивацијата знаењата и основните вештини за самоорганизирање и делување во заедницата (ТОТ, семинари, форуми јавни дебати, конференции, мултиплицирање на знаењата – PEER едукација, практикум во заедницата – менторска поддршка, иницирање и спроведување на јавни акции од страна на целната група).

Фаза III – Создавање сигурни простори за младинска меѓуетничка соработка од страна од целните групи (основање насекции, мултиетнички клубови на млади, здруженија на граѓани и други адекватни форми на младинско организирање делување во заедницата).

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
 
Креирање на услови за изградбата на мирот – превенција на насилството/конфликтите - воспоставување на комуникација и интеракција помеѓу млади од различни етнички групи
 
Активности: истражување, формирање на тим на обучувачи (ТОТ); прирачник за едукатори/ки, организирање на 324 интерактивни работилници со учество на 1.367 средношколци
 
Зајакнување на капацитетите за изградбата на мирот во заедницата
 
Организирани конференции, јавни дебати и форуми на теми „Младите и мултикултурализмот“
 
Реализирани семинари „Школа за мултикултурализам“ – активности и постигнати резултати
 
Прирачник „Школа за мултикултурализам“
 
Поддршка за унапредувањето на граѓанскиот активизам – преку волонтерство и давање менторска поддршка од страна на локалните НВО членки на мрежата на АНТИКО
 
Активности и постигнати резултати на волонтерите и менторите во работата на локалните организации, членките на мрежата на АНТИКО
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.