Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
четврток, 25 април 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Втор циклус од работилници во Теарце и во Крушево за економско зајакнување на жените од руралните средини - 23.2.2012
Во текот на месеците јануари и февруари 2012 година, во општините Теарце и Крушево во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ беше реализиран вториот циклус на работилници ( 4 во Теарце и 4 во Крушево) за економско зајакнување на жените од руралните средини. Работилниците се развиваа и реализираа во соработка со експерти од едекватни институции. За оваа цел АНТИКО воспостави соработка и партнерство со релевантни субјекти кои се занимаваат со оваа проблематика (економската неактивност на жените). Првите две работилници за економско зајакнување на жените со повисок степен на образование во Крушево, беа одржани на 17 и 18.01.2012 на темите „Подобрување на креативните вештини на ......
 
Печатење и дистрибуција на брошура - Институционална и правна рамка за родова рамноправност во РМ - 27.12.2011
Во текот на месец декември 2011 година, од страна на тимот на АНТИКО, повикувајќи се на заклучоците препораките кои произлегоа како резултат од одржаните дискусиони групи со студенти,а и потребите на другите свои целни групи, беше изготвена брошура „Институционална и правна рамка за родова рамноправност во РМ“ со содржини од областа на правната регулатива за родова рамноправност, останатите документи и акти кои ги уредуваат овие прашања, меѓународните документи и институционалните механизми и нивните надлежности. Имајќи предвид дека институциит ......
 
Работилници со претставници/чки на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) за јакнење на нивните капацитети и потпишани меморандуми за соработка со градоначалниците - 27.12.2011

Во периодот септември – декември 2011, се продолжи со реализација на циклусот работилници со претставници на ЕЛС. Беа вкупно одржани 19 работилници со 69 учесници, во општините Илинден (4), Чаир (4), Карпош (4), Гази Баба (4) и Шуто Оризари (3), на теми кои ги избраа самите учесници согласно нивните потреби. Работилниците беа фацилитирани од страна на две претставнички од тимот на АНТИКО.

На овие активности им претходеа средби со претставници од општините, на кои се разговараше за обврските на двете страни кои произлегуваат од ......

 
Дискусиона група со студенти од Институтот за родови студии при Универзитетот Св.„Кирил и Методиј„ - 13.12.2011
Во текот на 2011-та година АНТИКО воспостави соработка со високообразовните институции во Република Македонија, имајќи предвид дека студентската популација и универзитетските професори, можат да дадат значаен придонес и активно да се вклучат во процесите за подобрување на постоечката законска рамка за родова рамноправност и нејзината практична имплементација. За таа цел, по претходно организираните дискусиони групи со студентите од Правниот Факултет - Кичево и Државниот факултет во Тетово, на 30.11.2011, беше организирана и третата дискусиона група со студенти на Институтот за родови студии при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Настанот го отвори проф. д-р Слободанка Марковска, од Институтот за Родови студии, а вовед в ......
 
,,16 дена активизам за елиминирање на родовото и семејното насилство,, 25.11-10.12.2011 - 12.12.2011

Женската граѓанска иницијатива АНТИКО традиционално како и секоја година се приклучи кон Меѓународната кампања „Шестнаесет дена активизам против насилството врз жените“. Оваа година под мотото „НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАСИЛСТВОТО!“ активистките и волонтерите/ките од мрежата на АНТИКО во Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Ресен, Битола, Пробиштип, Струмица Крушево и Скопје, реализираа 30 јавни настани (3 трибини, 9 работилници, 3 јавни дебати, 5 прес-конференции,10 јавни перформанси) и дистрибуираа 11.000 примероци промот ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.