Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО за 2012 во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

„Поврзување и зајакнување на женски граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“

„Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ поддржан од UN Women

Политичко зајакнување на жените ромки „Жените Ромки тоа го можат“ поддржан од ОСИ
 
 
недела, 20 мај 2012
 
 
 
ЖЕНИТЕ И ОПШТЕСТВОТО - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ - УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЖЕНИТЕ
 
Цели, активности, резултати, влијание...

Програмата “Жените и општеството” дава одговор на влијанието на патриархалниот, менталитет и наметнувањето на традиционалните вредности и стереотипи кои ги потиснуваат жените во маргините на општествените процеси.
 
Цели:
Иницијативите на Антико во рамките на оваа програма се насочени кон создавање на услови и можн ...
 
 
ИЗГРАДБА НА МИРОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА - МИР ВО СЕВЕ, МИР ВО СИТЕ
 
Програмата е насочена кон промоцијата на културата на мирот и ненасилството, подобрување на меѓучовечките и меѓуетничките односи, промоција на вредностите на демократијата, дијалогот и толеранцијата.

Афирмирање на важноста и безбедноста на секоја индивидуа во сите нејзини димензии: физичката сигурност, социо - економската, почитување на човековото достоинство и право на идентитет и вклученост.

Нашите заложби се: создавање на општенствени промени кои произлегуваат од принципите на ненасилството со интеракција со различните чинители на општеството.

Предизвиците за изградбата на мирот и сигурноста ја разбираме како многу комплесно прашање. ...
 
 
ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ КАПАЦИТЕТИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЖЕНСКИ ГРУПИ
 
Долгорочни цели на програмата:
  • Ефективно и ефикасно женско/граѓанско движење
  • Развој на демократските процеси и цивилното општество
Програмски цели:
  • Влијание и поддршка за зголемувањето и зајакнувањето на организациските, институционалните и техничките капацитети на женските и младинските групи кои работат во областа на мировните иницијативи, изградбата на заедницата , интеретнички релации, човековите права /женските права и потикнувањето на граѓанскиот активизам во заедницата.
  • Зајакнување на одговорноста на граѓанските организации спрема нивните ...
 
 
ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ - ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА
 

Меѓуетничките конфикти во земјата и регионот оставија длабоки траги во социјалните односи. Процесот на трансформација во демократско и граѓанско општество е многу сложен процес кој бара активно вклучување на групи и поединци кои промовираат вредности базирани на човекови права и култура на активно учество во изградбата на заедницата. Во оваа област од големо значење е активното делување на младите од мултиетничките заедници. Инициjативите на младите се од голема важност во намалувањето на социјалната сегрегација и етничките предрасуди кои се јавуваат како последица на негативни ставови кон тие кои се поразлични од нив. Ова всушност претставува и појдовна точка за конфликтите и дискриминацијата.

Прашањата околу иницирање и воспоставување на позитивни промени во однос на постоечките негативни етнички ставови – предрасуди и стереотипи, како и зголемувањето ...
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.