CARE Германија/Луксембург e.V. и Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, Скопје го спроведуваат проектот Инклузија на жените од етничките заедници на пазарот на трудот. Проектот е финансиран од страна на Европската унија и договорен орган е Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии.
Проектот е дел од програмата за Поттикнување на социјалната инклузија, буџетска линија: ИПА развој на човечки ресурси, референтен број: EuropeAid /135-012/M/ACT/MK. Проектот е дел од Тематски приоритет Лот 2 - Интеграција на малцинските етнички заедници на пазарот на трудот, со посебен фокус на жените.
Општа цел Овозможување на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднаков пристап и можности.
Проектот е предвидено да трае 18 месеци – од 20ти јануари 2016 до 20ти јули 2017 година.
За повеќе информации погледнете ја проектнат а веб страна http://sheisbuildingfuture.org/mk/pochetna/
|