Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО за 2012 во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

„Поврзување и зајакнување на женски граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“

„Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ поддржан од UN Women

Политичко зајакнување на жените ромки „Жените Ромки тоа го можат“ поддржан од ОСИ
 
 
недела, 20 мај 2012
МОЖНОСТ ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЖЕНСКАТА ЃРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА - АНТИКО
 

Индивидуално членство
Женска граѓанска иницијатива Антико е отворена за членување на секој граѓанин на Република Македонија, а и за секој странски државјанин. Еден од критериумите за зачленување е прифакање на статутот и програмата на здружението.

Со вашето зачленување вие истовремено станувате јавно активни и ја поддржувате работата на групата:
Тоа значи дека се залагате: за заштита и унапредување на женските права изградба на мирот во заедницата, право на живот без насилство, родовата рамноправност, право на еднакво учество на половите/родовите во јавниот и политичкиот живот, право на работа и сопственост , право за едекватно родово осетливо,образование, здравствена и социјална правда и заштита, еднакви права, можности и одговорности за сите граѓани.

што добивате:
можности да предлагате инициативи и проекти, да бирате и да бидете избрани.
Можност за учество во програмски и проектни активноти како што се: семинари, обуки , конференции, дебати, тркалезни маси идрг. - како учесници, експерти, ангажирани лица или волонтери. Бесплатно користење на постоечките информативни услуги и сервиси на Антико.

Информации за можности за аплицирање и учество на домашни и меѓународни тренинзи, семинари, конференции посдипломски студии или давање на консултантски услуги во областите кои се во делокругот на мисијата и делувањето на Антико.

Индивидуалното членување се врши преку пополнување на пристапница (превземи) и уплаќање на годишна чланарина во износ од 1200 денари за вработени лица или 600 денари за студентки/ти и неврабортени лица.

По уплатата во долунаведената жиро сметка заедно со пристапницата, испраЌате една копија на заверената уплатница во нашата адреса и добивате статус на членка на Женска Граѓанска Иницијатива Антико и членска легитимација.По престанок на членувањето, членската легитимација се враќа.

Адреса: Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО
ул.Тале Христов, ламела 1 Локал 9, 1000 Скопје

Банковна сметка:
АНТИКО - ФОНД СКОПЈЕ
Сметка бр. 300000002211636
Комерцијална Банка – Ад Скопје
Цел на дознака: годишна чланарина

 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.