На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни полиња на општественото живеење (уметност, наука, бизнис, борки за женски, социјални, општествени права...), посебно жени за кои не може да се најдат податоци така лесно. Период кој е во фокус е од втората половина на 19ти век, до првата половина на 20ти век, но оставаме и поширока временска рамка да се вклучат содржини – за истакнати жени или настани, кои не се видливи во онлајн просторот.
Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа: а) статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде искреирана врз база на стручна литература и сигурни и веродостојни извори; б) преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик.
Сите заинтересирани млади лица, студенти и млади активисти кои сакаат да придонесат за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во онлајн Википедија енциклопедијата на македонски јазик. За нивното учество ќе добијат сертификат од Шведската амбасада дека земале учество во настанот.
Доколку сакате да бидете дел од оваа иницијатива, ве покануваме да се регистирате на следниот линк до недела, 17ти јуни: https://goo.gl/forms/q0cDTuJKiPU6gm5G2
По потврдата за учество и пред настанот, волонтерите ќе треба да се регистрираат на Википедија како уредувачи (доколку немаат веќе кориснички профил), најдоцна до еден ден пред самиот настан.
Бројот на учесници ќе биде ограничен според можностите кои ги нуди просторот во Јавна соба.
|