Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО за 2012 во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

„Поврзување и зајакнување на женски граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“

„Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ поддржан од UN Women

Политичко зајакнување на жените ромки „Жените Ромки тоа го можат“ поддржан од ОСИ
 
 
недела, 20 мај 2012
Изложба и промоција на каталог за пласман на рачни изработки на жените - 10.05.2012

Со цел на обезбедување на пласман на своите производи како последователна активност од спроведениот циклус на едукативни работилници за Економска независност на жените од руралните средини на општина  Крушево, а и подобрувањето на креативнитe вештини за создавање на поголеми можности за самовработување и пласирање на производите, целната група организира „Изложба на рачни изработки и промоција на Каталог“. 

Активноста ќе се одржи на 10 мај 2012 година во просториите на Домот на културата. На отворањето на изложбата се поканети да учествуваат и градоначалникот на општината и други претставници на локалната самоуправа, претставници од бизнис секторот, невладини организации, институциите и останати заинтересирани граѓани. Настанот ќе биде покриен од Локалната кабловска телевизија, која ќе подготви прилог со цел да се информира пошироката јавност.

 
 
 
 
 
Воспоставена интерсекторска соработка и преземени заеднички иницијативи за решавањето на родовите прашањата во општините Тетово и Кичево - 11.05.2012
Од 5 – 7 мај 2012 година во Хотел Климетица – Охрид, ЖГИ АНТИКО ја организира првата тренинг работилница со 20 претставнички од општините Кичево и Тетово. На обуката учествуваа жени на раководни позиции и активни жени од НВО, институциите на локалната власт, политички партии, медиуми и бизнис секторот. Тренингот даде придонес во зголемувањето на знаењата и вештините за раководење со проектен циклус и запознавање со меѓународната и националната п ......
 
Одржана работилница на тема: „Вмрежување и подобрување на мрежното работење“ - 10.05.2012
На 06.05.2012 година, ЖГИ Антико организираше еднодневна работилница за членките на координативното тело на својата мрежа на тема: „Вмрежување и подобрување на мрежното работење„. Целта на работилницата беше низ интерактивна работа презентации, групна работа и фацилитирање на процесот да се дојде до адекватни сознанија и пристапи за примена на алтернативни форми и канали на комуникација и ефективно заедничко мрежно организирање и делување. Организираниот настан е во рамките на програмата „Зајакнување на организациски ......
 
Соработка со општина Зелениково на полето на еднаквите можности - 25.04.2012
Во соработка со општина Зелениково, на 24.04.2012 во просториите на оваа општина беа организирани две тематски работилници за зајакнување на капацитетите на родовите комисии и останатите претставници на локалната самоуправа. 10 учеснички имаа можност да се запознаат со Основите за дискриминација и мерките за превенција и заштита, како и со правната рамка и механизмите за родова рамноправност во Република Македонија.
Во контекст на темите се дискутираше за различните форм ......
 
Покрената иницијатива за изработка на локален акциски план за родова рамноправност во општина Ресен - 20.04.2012
Претставничките на АНТИКО, Даница Јованова и Зурија Саит на 18.04.2012 година фацилитираа две работилници на кои земаа учество 12 претставници на родовите комисии и државната администрација на општина Ресен, на темите – „ Институционална и правна рамка за родова рамноправност “ и „Планирање и подготовка на локални акциски планови за родова рамноправност“.
Активната партиципација на учесниците придонесе да се отворат голем број прашања од областа н ......
 
Жените Ромки имаат капацитет и желба за учество во политиката - 02.04.2012
Вториот семинар за политичко зајакнување на жените Ромки се одржа од 30.03. – 01.04.2012 во Хотел Климетица – Охрид, со 18 нови членки од ромските политички партии, активистки од граѓанскиот сектор и студентки. Обуката беше одлична можност претставничките од различна партиска припадност да разменат ставови и искуства, но и да се обединат и солидаризираат околу решавањето на заедничките проблеми и интереси на жените Ромки.
 
Семинарот беше фацилитиран од страна на Сонѓул Шабан Ахмед ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.