Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 19 март 2024
Здружени сили за заеднички интереси
Датум: 18.1.2016
 
 

Овој проект е финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014 Наслов на проектот: Здружени сили за заеднички интереси Проектот го имплементира: ЦОСВ- Комитет на организациите за волонтерски услуги, во партнерство со ЦГИ – Прилеп и АНТИКО – Скопје

Времетраење на проектот: 32 месеци, од Јануари 2016г до Август 2018г

Вкупен буџет: 329.584,79 Евра

Локација на имплементација на проектот: 12 мултиетнички општини Целна група:

Локални граѓански организации, Формални и неформални групи во заедницата со посебен акцент на жените, општински совети, комисии за меѓуетнички односи, локални политички партии / млади членови / жени, месни заедници.

Крајни корисници: Мултиетнички заедници од селектираните општини.

Општа цел: Зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија.

Специфична цел: а) поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницатаб) да се стимулираат акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално нивов) да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации во анализа и застапување засновано на докази преку вмрежување на засегнатите страни.

Планираните активности се имплементирани во рамките на 3 главни компоненти: Компонента 1 – Градење на капацитети: Избор на граѓанските организации и партнерства со мултиетнички општини за промовирање на односи меѓу заедниците, каде што во рамките на проектот ќе бидат избрани 12 општини што ќе аплицираат заедно со 12 граѓански организации. За поддршка на организациите ќе бидат организирани обуки за граѓанското општество и општинските работници за застапување засновано на интереси врз основа на преговори, утврдување на факти, анализирање на податоци и истражување, разрешување на конфликти преку кружни процеси и внесување на родова перспектива во идентификација на проблемите. Имплементацијата на активностите ќе резултира со препознавање на важноста од вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки од страна на јавните институции и владата за подобрување на владеењето. Компонента 2 – Воспоставување на механизми за консултации за идентификација на заедничките интереси во заедницата каде што 12 менторски организации ќе иницираат основање на општинско тело за идентификација на заедничките интереси на заедницата составен од членови од општинскиот совет, политичките партии, комисија за интеретнички релации, граѓанско опшество. Телото ќе го координира процесот на идентификација на заедничките потреби и во следно ниво процесот на изготвување на годишната програма. Присуство на поголем аудиториум ќе биде охрабрено за заедничка идентификација на заедничките интереси за да подоцна во втората фаза се запчне процес на подготовка на годишна програма. Компонента 3 – Процесот на градење на доверба меѓу заедниците ќе започне со подготовка и отворање на прв повик за мали грантови за градење на доверба меѓу заедниците избирајќи прво 6 пилот општини по што ќе следува и вториот повик за избор на вторите 6 општини. Повиците ќе бидат развиени врз основа на 12 годишни програми кои ќе бидат креирани во претходната компонента. После изборот на менторските организации ќе следи процес на менторство на имплементирани проекти од 12 менторски организации. Ова ќе резултира со активности на граѓански организации кои се водени од долгорочно планирање и поддршката од локалните власти кон граѓанскиот сектор која е обезбедена на транспарентен фер и не дискриминаторски начин. Компонента 4 – Видливост и промоција преку веб страна, регионални координативни средби низ земјата и истражување за ефективноста на програмата.

Повеќе информации на проектната веб страна http://jointforces.eu/pochetna/

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
 
 
 
- Родова рамноправност во локалната заедница - проект во соработка со GFW
- Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го!
www.mobbingnet.org
04.7.2009 - Хотел Александар Палас Скопје,
Меѓународна Конференција,, Мир и безбедност,-феминистичка алтернатива- Антико 10 Години во промоцијата на културата мирот и ненасилството преку општествено вклучување на жените,,
29.11.2010 - Школа за Мултикултурализам
- Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
- Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas
- Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“
- Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост
20.12.2013 - Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
30.4.2015 - Економско јакнење на жени во две општини
20.1.2016 - Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот
18.1.2016 - Здружени сили за заеднички интереси
01.1.2017 - Институционален грант Цивика Мобилитас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.