Проектната идеја е во насока на постигнување кохезија помеѓу младинските групи во заедниците и нивно заедничко анимирање како начин за надминување на проблемите од мултиетнички карактер и соживот помеѓу младите. Наша цел е преку проектот да дадеме придонес кон зголемување на улогата и активизмнот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот преку создавање на заеднички простори за интеракција во рамките на образовните институции и други области на јавниот живот во заедницата. Проектот го спроведува ЖГИ АНТИКО во партнерство со ЗГ,,Мултикултура,, и финасиска поддршка од ЕУ Делегацијата ( EIDHR), со одобрение на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Активностите на проектот се дизајнирани, и очекуваме да ги зајакнат капацитети на 2 различни целни групи од мултиетнички состав – односно 16 студенти од педагошките и факултетите и тие од општествени науки од Унивезитетот во Скопје и Тетово. Студентите ќе бидат оспособени преку активно учество на 2 повеќе дневни ТОТ обуки одржани од експерти. Во продолжение, преку обезбедување на континуирана менторска поддршка, тимот на идни млади ПЕЕР едукатори ќе ги мултиплицираат знаењата со 200 средношколци од 4 мултиетнички училишта од Скопје и Тетово преку организирање на циклуси од вкупно 32 интерактивни работилници . Во реализирањето на проектот се вклучени и 8 професори од 4- те училишта. Во втората фаза 45 средношколци , студенти , професори и волонтери од Граѓански организации учествуваат во 6 дневна Летна Школа во Охрид. Преку спроведување на креативни работилници и сесии за планирање ќе се изработат 4 акциски планови (мали проекти) дизајнирани од стран на целните групи. Летната Школа се фацилитира од 2 експерти додека тимот на 16 ПЕЕР едукатори имаат улога на кофацилитатори. Во третата фаза на проектот средношколците преку менторска поддршка на ПЕЕР едукаторите и професорите вклучени во проектот спроведуваат 4 јавни акции ( проекти) во заедниците. Се очекува преку активностите на јавните акции да се промовираат ефективни пристапи за зголемување на граѓанското учество во решавањето на проблемите и потреби на заедницата.
Во целиот тек на проектните акции , посебно значање ќе се посвети на воспоствување на соработка помеѓу локалната самоуправа, граѓанските организациии , институциите и бизнис секторот Националната конференција е завршна проектна активност. Целта на конференцијата е сумирање на постигнатите резултати и придобивките од спроведените проектни активности, фокусирани да дадат придонес во застапувањето на политиките и збогатување на теоријата и праксата во областа на изградбата на мирот во заедницата. На конференцијата планирани се да учествуваат над 100 учесници : преставници на целните групи , владини образовни институции , граѓански организации, меѓународни организации , соработници, претставници од локалната самуправа, совет на родителите , директори. професори, ментори, обучувачи .Се очекува конструктивен дијалог и соработка во однос на унапредувањето на мултикултурните односи и соработка, кој ќе даде придонес во елиминирањето на постоечките бариери помеѓу младите и појавите на зачестени насилства на етничка база. Печатење ( издавање) на Брошура и други печатени материјали со цел да се споделат резулататите и стекнатите искуства и добрите пракси кои ќе им послужат како дополнителен ресурс на училиштата, граѓанските организации и други засегнати страни во заедницата.
Времетраење на проектот : 13 месеци
Проектот се реализира во рамките на програмата на АНТИКО посветена на младте : ,, ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА,,
|