" Поврзување и зајакнување на жените и женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова еднаквост " е 18 месечен проект која се имплементира од страна на Женска граѓанска иницијатива АНТИКО и партнер организациите : Partners for Democratic Change International ( PDCI ) – Брисел ; Center for Conflict Management Kosova- Приштина и Helsinki Committee for Human Rights in Serbia – Београд . Проектот финасиски е поддржан од Европската Комисија Општи цели на проектот : градење на женски лидерски капацитети преку зголемување на знаењата и подигнување на свеста за родовите прашања на маргинализираните жени и преставниците на општинските власти со цел да се воспостви соработка и реализираат транснационални партнерства за постигнување на родовата рамноправност.
Целни групи: преставници од граѓански организации, локална администација и донесувачи на одлуки, преставници од родови институции , маргинализирани групи на жени и други релевантни институции и засегнати страни во заедниците Активности :
1.Основна проценка на фактичката состојба во полето на родовата рамноправност во 6 таргетирани општини ,,(мапирање – и анализа на сосјтобите )
2. Публикување на резулататите
4. Подготовка на тренинг програми и прирачници
5. Одржување на циклус на работилници за градење на капацитетите на домашните ГО, фокусирање на развојот на лидерски вештини и организациски капацитети.
6. Одржување на 3 тренинзи за зголемување на свеста за родовата проблематика на жените преставниците од релевантните институции од локалната самоуправа и женските организации( Македонија, Србија, Косово) 6. Одржување на регионален ТОТ со преставници од граѓански организации , преставници од локалната администација и родовите институции ( Македонија , Косово , Србија)
7. Одржување на 12 сесии за локално и регионално планирање, вмрежување и воспоставување на траснационални партнерства.
8. Одржување на Регионална конференција во Скопје со над 100 учесници од Македонија Косово и Србија.
9. Подготовка на финална публикација
10 Евалуација на проектот ( финален евалуативен извештај )
|