ЖГИ Антико со поддршка и во партнерство со Global fund for Women реализира едногодишен проект во локалните заедници на Република Македонија. Целта на проектот е освестување и зајакнување на жените од повеќе структури за постоењето на проблемот на родовата дискриминацијата, препознавањето на врската на патријархатот, милитаризмот и насилството. Зголемувањето на знаењата за женските прашања и женските човекови права.
Зголемувањето на влијанието кон институциите на системот за ефективна имплементација на законот за еднакви можности на локално и национално ниво –од страна на локалната власт, родовите комисии и сите други релевантни институции и фактори.
Инкорпорирање на родовата димензија во сите статегии, програми и политике и ефективно спреведување во пракса. Воспоставување на соработка со локалната самоуправа , особено тие од рурални општини, со цел на вклучување на жените во сите свери на јавниот и политичкиот живот.
Активности: работилници , тркалезни маси, јавни дебати, трибини , кампањи , јавно застапување , потпишување на меморандуми за соработка пишување на отворени писма реакции , јавни акции , вмержување и други форми на јавно застапување со цел на иницирање на позитивни промени во однос на постигнувањето на родовата рамноправност.
|