Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
вторник, 23 април 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Поддршка на иницијативата за повторно активирање на родовите студии покрената од страна на студентите на Институтот за родови студии - 05.3.2015

Петиција за повторно активирање на институтот за Родовите студии

Дадете својата поддршка за родовите студии, потпишете се на петицијата која ќе ја надете на следниот линк: http://www.petitions24.com/genderstudiesmacedonia

Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е единствената образовна единица во Република Македонија на која може да се стекне формално академско образование на додипломски студии од областа на родовата проблематика. Неговото отворање предизвика ......

 
1 МИЛИЈАРДА КРЕВА РЕВОЛУЦИЈА - 14.2.2015

На ден 14.02.2014 година, 14 организации кои го третираат прашањето за искоренување на насилството врз жените и девојчињата, меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, пред трговскиот центар Сити Мол во Скопје, ја организираат меѓународната кампања и танцот „1 МИЛИЈАРДА КРЕВА РЕВОЛУЦИЈА“.

Кампањата „1 Милијарда се крева“ е од интернационален карактер и е најмасовна акција за спречување на насилството врз жените во историјата на човештвото. Овој настан претставува повик за акција врз основа на неверојатни статистика дека 1 од 3 же ......

 
21 организации здружено во Платформа за обезбедување на родова еднаквост и заштита на женските права - 22.12.2014

Платформата за родова едкаквост, денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.

На прес конференцијата се обратија Неда Коруновска, Претседателка на Реактор, Кристина Плеќиќ Беќарова, Проектен координатор во ХЕРА и Марија Савовска, Акција Здруженска, ......

 
Учениците од ОУ „Истикбал“ Тетово, се приклучија кон борбата против семејното и родовото насилство - 11.12.2014

 ЖГИ АНТИКО и соработничките од општина Тетово, на ден 11.12.2014 реализираа работилница во основното училиште „Истикбал“ општина Тетово, насловена како како „Младите за живот без родово и семејно насилство“. На работилницата присуствуваа 36 ученици од 6, 7 и 8 одделение.

Сорджината и вежби на работилницата имаа за цел да ги запознаат малдите луѓе со корените и последиците од семејното и родовото насилство како и со начините за превенција и заштита од овој вид на насилство. Тие на работилницата ја сподели ......

 
Промоција на пораката „СТОП за родовото и семејното насилство“ до пошироката јавност - 08.12.2014

Со цел да промовира пораката за заедница без родово и семејно насилство и да се покани пошироката јавност да учествува во заедничката борба за искоренување на оваа негативна појава, ЖГИ АНТИКО и студентите на Институтот за родови студии, поделија информативни и едукативни флаери. Во флаерите накратко се опишуваат главните причинители на овој вид насилство и содржат информации околу механизмите за заштита и каде жтрвата треба да се обрати за да ја добие потребната помош и поддршка.

Флаерите беа порелени во периодот 1-6.12.2014 низ пов ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.