Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
петок, 19 април 2024
Поддршка на иницијативата за повторно активирање на родовите студии покрената од страна на студентите на Институтот за родови студии
Датум: 05.3.2015
 

Петиција за повторно активирање на институтот за Родовите студии

Дадете својата поддршка за родовите студии, потпишете се на петицијата која ќе ја надете на следниот линк: http://www.petitions24.com/genderstudiesmacedonia

Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е единствената образовна единица во Република Македонија на која може да се стекне формално академско образование на додипломски студии од областа на родовата проблематика. Неговото отворање предизвика огромен интерес во нашата средина за што сведочи нашиот упис и нашите индекси со кои се гордееме. Во изминативе седум години, покрај совладувањето на наставните содржини бевме вклучувани во сите проекти што ги иницираа и спроведуваа нашите професори и во проектите реализирани со партнерски организации и институции. Станавме видливи и препознатливи во јавноста по нашите заложи за постигнување на родовата рамноправност. По пет години успешно функционирање, уписот на нови студенти на Институтот за родови студии е ставен во мирување, и во моментот се одржува настава само со последните две генерации студенти. Иднината на институтот е неизвесна, бидејќи немаме информации кога повторно би имало уписи на нови студенти. Затоа, ние поранешните и сегашните студенти на Институтот за Родови студии ја активираме оваа петиција со цел оваа академска година повторно да ими упис на студенти на нашиот институт.

Аргументи зошто треба активно да се продолжи со Родовите студии во Република Македонија се следниве:

-Република Македонија е потписничка на редица меѓународни документи со кои се регулира/промовира родовата рамноправност, а исто така настојувањата за родова рамноправност се преточени во редица документи-закони и стратегии.

-Институтот за родови студии испорачува експерти кои ќе даваат значаен придонес и во и спроведувањто на политиките за родова еднаквост Родовите студии ја промовираат свеста за вредноста на сите луѓе, без разлика на полот.

-Родовите студии се посветени на остварувањето и зајакнувањето на рамноправноста на жените и мажите во сите сфери на општественото живеење

-Родовите студии се важни во промовирање на концептот на еднакви можности и човекови права

-Родовите студии едуцираат и вложуваат напори за спречување на родовата дискриминација во македонското општество

-Родовите студии се важни за зголемување на родовата сензитивност во нашето општество

-Родовите студии делуваат во насока на родова сензибилизација во наставата на високото образование

-Родовите студии се една од најистражуваните сфери во светот, од областа на општествените и хуманистичките науки

-Родовите студии се клучен фактор во намалување на родово базирано насилство

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.