Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
петок, 29 март 2024
21 организации здружено во Платформа за обезбедување на родова еднаквост и заштита на женските права
Датум: 22.12.2014
 

Платформата за родова едкаквост, денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.

На прес конференцијата се обратија Неда Коруновска, Претседателка на Реактор, Кристина Плеќиќ Беќарова, Проектен координатор во ХЕРА и Марија Савовска, Акција Здруженска, кои ја истакнаа потребата од проширување и забрзување на напорите за промовирање и вградување на принципот на родова еднаквост во сите области и на сите нивоа во државата. Говорниците напомнаа дека реформите за воспоставување на родова еднаквост се одвиваат многу полека и дека со ова темпо нема да се постигнат промени уште долго време. Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија.

Во изминативе неколку години еднаквата позиција на жената во општествово беше поставена под прашање со:

• Законот и подзаконските акти за прекинување на бременоста

• Медиумските кампањи против абортус

• Законот за превенција и заштита од семејно насилство

• Законските измени за плаќање на здравствено осигурување за авторските и договорите за дело

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски невладини организации, претставници на граѓанското општество и индивидуи кои се посветени на градење на еднакво општество и промоција на родовата рамноправност.

Организациите кои денес ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост, а со тоа станаа дел од Платформата за родова еднаквост преку своето делување ќе бараат:

-Усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост.

-Обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките кои ќе обезбедат родова еднаквост.

-Функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво.

-Развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на централно и локално ниво.

-Подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените во јавниот дискурс.

-Генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на родовата еднаквост.

Платформата ќе делува во вкупно шест области и тоа Економија, Образование, Репродуктивни права и здравје, Родово базирано насилство, Пристап до услуги после преживеано насилство, Социјална политика и Учество на жената во политиката. Убедени сме дека нашето заедничко делување ќе допринесе за зајакнување на нашите индивидуално напори. Само живо и силно граѓанско општество придонесува кон поотворен, партиципативен и на тој начин подинамично демократско општество.

Повеќе информации за Платформата има на веб http://rodovaplatforma.mk/

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.