|  | 
            
              |  | 
            
              | Образованието е наша иднина Датум: 26.11.2009
 |  | 
            
              |  | 
            
              | 
Врз основа на потребите и интересот на жените од руралните средини беше спроведена и втората локална акција во општина Крушево насловена како "Женското образование во 21-от век". Оваа локална акција имаше за цел освестување и зајакнување на жените од руралните средини за што поголема нивна вклученост во образовниот процес, надоградување на знаењата и поголема нивна информираност.  Како првична активност која беше реализирана е истражувањето на прашања од аспект на образованието на жената од руралните средини - причините, проблемите и потребите во однос на ова прашање. Анкетирани беа вкупно 100 жени од селата Борино, Саждево, Белушино и Јакреново со што се овозможи врз основа да добиените информации подготовка на анализа.  Анализата беше публикувана во промотивните материјали – брошури во 1400 примероци на два јазици (македонски и албански) и беше дистрибуирана во општината. Организирани беа 4 едукативни работилници на тема неформално образование, алфабетско и фукционало описменување каде во улога на едукатор беше ангажиран професор. Интересот кај жените беше голем за што говори и присутноста на вкупно 71 жена во текот на сите работилници.  
Во текот на реализација на локалната акција се одржа средба со градоначалникот на општина Крушево и претставници од УНИФЕМ, МТСП – секторот за еднакви можности и ЖГИ Антико. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЖГИ Антико и општина Крушево кој ќе допринесе за меѓусебна поддршка и понатамошна идна соработка во однос на унапредување на положбата на жената. Воедно од страна на жените од руралните средини во општина Крушево до претставниците на Локалната самоуправа беше доставен и Манифест во кој јасно се наведени најзначајните потреби на овие жени. Трибината  "Женското образование во 21-от век" поттикна интерес кај жените, мотивација и иницијативи за продолжување на нивното образование. Според анализата, жените од руралните средини во основа сакаат да го продолжат своето образование, но потребно е да имаат обезбедено услови, или да добијат позитивен одговор и поддршка од нивните семејства. 
Овој начин на вклучување на жените од руралните средини во општествените текови и организирање на активности во локалните акции е позитивно прифатено, како од страна на жените, така и од страна на локалната самоуправа. | 
            
              |  | 
			
              |  | 
            
              |  | 
              |  | 
            
              |  | 
  |  | 
  
| 12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! | 
              |  | 
| 18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот | 
              |  | 
| 14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции | 
              |  | 
| 02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО | 
              |  | 
| 29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот  „Здружени сили за заеднички интереси“ | 
              |  | 
| 25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство | 
              |  | 
| 12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ | 
              |  | 
| 18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 | 
              |  | 
| 13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош | 
              |  | 
| 07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 | 
              |  | 
| 07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 | 
              |  | 
| 06.12.2017 - Општина Теарце- | 
              |  | 
| 05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ | 
              |  | 
| 04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 | 
              |  | 
| 02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, | 
              |  | 
| 01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ | 
              |  | 
| 01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, | 
              |  | 
| 01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ | 
              |  | 
| 01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - | 
              |  | 
| 01.12.2017 - Општина Јегуновце -  Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ | 
              |  | 
  |  | 
  |  |