Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
четврток, 28 март 2024
За поразлично обележување на 8 март
Датум: 08.3.2010
 
Дали 8 март е празник, прослава и повод за веселби или, пак, ден за одбележување, сумирање на достигнувањата, проблемите и предизвиците, а уште повеке од тоа и решителна акција за вистинска родова рамноправност и унапредување и заштита на човековите права на жените?!
 
Имаќи ги во предвид сите стеротипни однесувања и прослави кои даваат искривена слика на значењето на овој историски ден и на вековната женската борба против партријархатот и нејзиниот вредносен систем  кој во минатото, а и сега длабоко ја дискриминира, омаловажува и ја претвора жената во граѓанка од втор ред.
 
Женска Граѓанска Иницијатива Антико по повод 8-ми март им се обраќа на сите граѓани/ки на Република Македонија - граѓанскиот сектор, медиумите, образовните институции, а и сите релевантни државни институци, особено жените парламентарки и советнички и сите оние кои се наоѓаат на позиции и раководни функции, да ја дадат својата поддршка за промовирањето на вистинското значење на одбележувањето на овој значаен ден.
 
На место организирање на еднодневни 8 мартовски стереотипни веселби, честитки и подароци сите заедно активно да се вклучиме во напорите и заложбите кои се прават за промовирање, унапредување и заштита на многу групи и категории на жени кои се дискриминирани и незаштитени. Да ја подобриме положбата и секојдневието на секоја граѓанка на Република Македонија. Да се бориме за надминување на ова лоша пракса и култура на „прослава“. Да внесеме нов дух и енергија за моќен почеток или продолжение на сите започнати заложби и борби за надминување на сексизмите, родовите предрасуди и стереотипи, кои токму и на овој „празник„ свесно или несвесно го газат женското достоинство ја понижуваат и ја ставаат жената во дискриминирана  положба.
 
За жените на светот, симболиката на меѓународниот ден  има поразлично значење . Тоа е повод  да се  усогласат достигнувањата , придобивките и постигнатите успеси во борбата за еднаквост, мир и развој. Овој датум, исто така, дава можност да се обединат жените и сите други прогресивни сили за да создадат мрежи кои ќе се мобилизиаат и преземат заеднички акции за создавање на значајни промени во однос на неповолната положба на жените во семејниот и општестениот живот во локални и глобални рамки.
 
Оваа година во време на одржувањето на 54-та Седница на Комисијата за Статусот на Жените  при  ОН, „Пекинг +15“ и глобалното обележување на меѓународниот ден на жени под мотото: „Еднакви права, еднакви можности: Прогрес за сите“, Ве повикуваме заедно да му се приклучиме на локалното и глобално феминстичкото движење, бидејки тоа не ништо друго освен заложба за политичка, економска, социјална и општествена рамноправност помеѓу мажите и жените.Тоа е движење кое се залага за ослободување на жените од насилството, сексистичките однесувања и традиционалните родови улоги. Сите ние заедно да се зaлагаме за прифакање на жената од страна на општеството како рамноправна личност која има исти права можности и одговорности со другата половина на човештвото.
 
Патријархатот е основа на родовото угнетување. Индивидуалните репресии/насилства во домот, каде 90% од жртвите се жени, го поминуват „семејниот праг“ и се прелеваат како насилство и репресија во општеството во сите негови сегменти.
 
Сексизмите како форми на општествена дискриминација и сегрегација втемелени врз база на родот – полот, се многу присутни во нашите животи и се секојдневие во јавниот, политичкиот, економскиот и културниот живот. Сексуалноста на жената се злоупотребува и на неа се гледа како сексуален објект. Таа често е мета на сексистички гафови и потценувачки и омаловажувачки шеги.
 
Женското сиромаштво и невработеност создаваат можности дел од нив да бидат жртви на трговија - купувања, препродавања и проституција. Тие јавно се прикажуваат, казнуваат и омаловажуваат додека нивните клиенти остануваат неказнети анонимни трговци и купувачи на човечко тело.
 
Затоа ги повикуваме сите прогресивни сили жени и мажи да го подигнат својот глас и личен ангажман,  да кажат НЕ за овој вид на прослави. Да бидат активни граѓани кои иницираат и создаваат промени.
 
Срекен 8 март....Со искрени желби за посреќни и поправедни времиња и поводи за вистински секојдневни празнувања на женските успеси во сите сфери на  економскиот, јавниот и политичкиот живот на жените.  
 
ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА АНТИКО
 
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.