Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
петок, 19 април 2024
Во солидарност со суданските жени: Стоп на физичкото насилство и понижувањето на жените
Датум: 28.12.2010
 

ДЕКЛАРАЦИЈА:

Во солидарност со суданските жени

СТОП НА ФИЗИЧКОТО НАСИЛСТВО И ПОНИЖУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ

 

ДЕКЛАРАЦИЈАТА СЕ УПАТУВА ДО:
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН Г-ДИН БАН КИ-МУН
ГЕНЕРАЛНИОТ ПОТСЕКРЕТАР НА ЖЕНИТЕ ВО ОН Г-ЃА МИШЕЛ БАЧЕЛЕТ
СПЕЦИЈАЛНИОТ ИЗВЕСТУВАЧ НА ОН ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ Г-ЃА РАШИДА МАНЏУ
СУДАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОМАР ХАСАН АЛ-БАШИР
ВЛАДАТА НА СУДАН
  

Ние, 120 жени и мажи од 24 земји од целиот свет, се собравме во Каиро, Египет од 16-18ти декември 2010-та година на Глобалната конференција „Жените и феминистичките алтернативи на 21-от век“ и ја изразуваме нашата длабока загриженост во врска со камшикувањето на жените од страна на Суданската полиција.

Ние го осудуваме камшикувањето на една Суданска жена во полициската станица во Ал-Хиера во Омдурман. Жената била камшикувана според понижувачките закони конституирани во Суданскиот систем на јавен ред и мир, како и Суданскиот кривичен код кој дозволува 40 удари со камшик доколку жената не носи „пристојна“ облека. Камшикувањето на Суданските жени е станато секојдневна пракса во полициските станици во Судан и тоа во присуство на судии кои надгледуваат. Ова не може да се толерира!

Ние го осудуваме апсењето на жени и мажи активисти на 14-ти декември кои се собрале во центарот на Картум за мирно да одат до Министерството за правда и да предадат протестна петиција против камшикувањето на жените и да побараат поништување на Законите и регулативите на јавниот ред и мир.

Сакаме да ја изразиме нашата најголема осуда на сите дискриминирачки закони и практики против жените. Ја изразуваме нашата солидарност со жените и мажите активисти кои мирно демонстрираа против камшикувањето на жените.

Бараме од владата на Судан итно да го запре анахронизмот на камшикување и секое физичко казнување на жените и да ги укине законите за јавен ред и мир. Неприфатливо е во 21-от век да се лишуваат жените од нивните основни човекови права и човековото достоинство. Неприфатливо е во 21-от век да се третираат жените како робови или граѓани од трета класа. Човечкиот напредок и социјален развој може да се мери само во однос на родовата рамноправност, еднаквите права и еднаква вредност за жените и за мажите.

Ние се обраќаме на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и Генералниот потсекретар на ОН Мишел Бачелет да се користи нивниот мандат во заштитата на жените чии основни човечки права се брутално повредени.

Каиро, 18 декември 2010 година
 
 
 
 
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.