Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
петок, 19 април 2024
Раното заречување и репродуктивното здравје – основни проблеми на жените од руралните средини во Општина Дебар
Датум: 04.2.2011
 
Во руралните средини на општина Дебар, а особено во селата Могорче и Броштица постои феномен на рано заречување кој е многу сериозен и комплексен, со што се загрозуваат основните човекови права особено на женските деца уште во нивната рана возраст од страна нивните родители. Имено, прераното ветување и склучување на договорни бракови помеѓу женските и машките деца од страна на нивните родители е сериозна пречка во остварување на нивното право за образование односно успешно завршување на средното образование и понатамошните амбиции во животот. Со цел да се стави поголем акцент на овој многу дискриминирачки феномен, да се заштитат младите од оваа појава која има негативни последици во нивниот развој и понатамошен живот, целната група заедно со локалните тимови на Антико, спроведоа локална акција со континуирани активности, кои дадоа придонес да се делува паралелно во подигнувањето на јавната свест како кај младите девојки и момчиња, така и кај нивните родители и севкупната јавност. Под насловот „Договорени бракови на малолетни девојки – реална пречка за остварување на човековите права и родовата рамноправност“ беа организирани и спроведени 3 едукативни работилници и 2 трибини со вкупно 151 учесник.
 
Преку спроведената едукација партиципантите дојдоа до заклучок дека оваа  појава особено е штетна и ги прекршува правата на девојките, бидејки тоа е и  пречка и не дава можност да го продолжат своето образование, да добијат поголема самодоверба и економска независност. Тие немаат право да донесуваат одлуки во согласност со сопствената волја и афинитети, немаат право на нивниот избор за нивниот брачен партнер и ограничени се уште од најрана возраст на сомостојно донесува на одлуки за нивото тело и живот.
 
За поголема сеопфатност на едуцирањето, во рамки на оваа локална акција, печатени се 1000 лифлети во кои информациите за овој актуелен проблем се однесуваат не само на девојчињата, туку и на момчињата и нивните родители.  
 
Втората реализирана локална акција во општина Дебар со наслов Едукацијата за репродуктивно здравје, предуслов за квалитетен живот и здраво семејство“ го опфати недоволното познавање, непостоењето на свеста за заштита на репродуктивното здравје и потребата од одговорно сексуално однесување на мажите и жените.
 

Во рамките на оваа акција имплементирани се 4 едукативни работилници на кои присуствуваа 113 учесници, а едукатори беа социолог и гинеколог. Како дел од активностите од оваа акција, беше реализирана и средба со градоначалникот на општината на кој му беа претставени предлозите за тоа како да се решат пречките со кои жените секојдневно се соочуваат во поглед на здравствената заштита.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.