Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
петок, 26 април 2024
Промоција на публикацијата Родова анализа на програмите на политичките партии „Осум години подоцна, дали има напредок?„
Датум: 03.2.2011
 
Во периодот октомври – декември 2010-та година ЖГИ Антико ја спроведе родовата анализа на програмите на ПП која опфаќаше: родова анализа на програмите на политичките партии, фокусирано интервју со претставници/чки на политичките партии, разгледување на дополнителни документи преку кои се уредува работата на партиите и споредени се резултатите од оваа анализа со анализата спроведена во 2002 година со наслов ,,Жените во власта,, која исто така беше реализирана (за прв пат) во Македонија од страна на ЖГИ Антико.

Спроведената родова анализа на 17-те парламентарни политички партии дава одговор на прашањата - дали и колку политичките субјекти ја распознаваат важноста на учеството на жените како рамноправен фактор во јавниот и политичкиот живот или, пак, тие сеуште имаат селективен пристап во однос на позиционирањето на нивните членки во партиските структури.

Спроведените активности во беа продолжение и одржување на континуитетот на активностите реализирана во 2010год, во рамките на годишната програма.Обработката на податоците и содржината на публикацијата (резултатите од спроведенета анализа), ја подготви експертката за родови прашања, Афердита Хаџијаха Имери, при крајот на месец декември 2010-та година.
Планираната прес – конференција за промовирање на публикацијата насловена како: Родова анализа на програмите на политичките партии: „Осум години подоцна, дали има напредок? се одржа на  02.02.2011-тагодина со почеток во 11 часот, во НВО Инфоцентар – Скопје.

На прес – конференцијата авторката на публикацијата и претставничките на ЖГИ АНТИКО, Ѓунер Небиу и Даница Јованова, ги презентираа применетата методологија на анализа, резултатите од истражувањето и препораките за натамошни активности. Беа присутни претставници од 14 медиуми (електронски и печатени), кои пројавија интерес за темата и поставуваа прашања во врска со положбата на жените во политичките процеси и нивната процентуална застапеност. Воедно, беа направени и посебни прилози за телевизиите ТВ Ера; МТВ 2 и МТМ. Последователно следеа уште неколку гостувања во програми на медиумите.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.