Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
петок, 29 март 2024
Одржана јавна дебата на тема “Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“ во Крушево
Датум: 13.10.2010
 

Во општина Крушево на 12.10.2010 година се одржа претпоследната јавна дебата на тема “Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената”. На оваа дебата присуствуваа 15 учесници од релевантни структури и засегнати страни кои се директно одговорни за решавањето на постоечките проблеми од областа на родовата рамноправност и потребите на одредени категории на маргинализирани лица во општината. Дебатата ја фацилитираше г-ѓа Елена Грозданова, државна советничка од Секторот за еднакви можности, при Министерството за труд и социјална политика.

Фацилитаторката во своето излагање наведе неколку значајни аспекти во однос на Законот за еднакви можности на мажите и жените; спроведувањето на стратешките активности од Националниот план за акција за родова рамноправност (2007 – 2012), заштитата и превенција од секаков вид на насилство и дискриминација.

Јавната дебата предзивика голем интерес кај присутните и допринесе да се разменат информации и мислења, согледувања на тековните проблеми со кои се соочуваат, но и да се креираат идни политики кои ќе бидат во насока на подобрување на положбата на жената на локално ниво.

Дискусијата на дебатата овозможи да се идентификуваат корените на проблемите од родов аспект. Наведени беа  и неколку специфични проблеми со кои се соочуваат сите граѓаните/ките  на општина Крушево - незаконско конзумирање на алкохол од страна на машки и женски малолетни лица; непријавување на семејното насилство поради срам, осуда и неажурност на надлежните институции, како и проблемот со недостиг на здравствените институции - особено за заштита на репродуктивносто здравје на жените.

Како позитивен пример од спроведување на ваков вид на активности на Антико во заедниците е многу значаен постигнатиот резулатат како влијание на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Антико и градначалникот на општина Крушево.

Градоначалникот оваа година организирал акција со обезбедување на бесплатен организиран превоз на жени од рурални средини, со цел да се реализираат превентивни гинеколошки прегледи на репродуктивните органи за благовремено да се дијагностицираат канцерогените заболувања, а и да се зголеми културата - навиките за превентивно лекување и изборот на матичен гинеколог.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.