Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 16 април 2024
Одржана јавна дебата на тема “Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“ во Скопје
Датум: 11.11.2010
 

Јавната дебата во Скопје беше одржана на 10.11.2010 година, каде што учество земаа претставници од: Министерството за труд и социјална политика (МТСП), координаторката за еднакви можности, претседателката на парламентарната комисија за еднакви можности Лилијана Поповска, претставници од Министерството за надворешни работи, претставници од Министерството за здравство, советници од општините во град Скопје, координаторки на комисиите за еднакви можности од општините Центар, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, членови на комисиите за еднакви можности од општините Центар, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, членови на советот на град Скопје, невладини организации, преставници од политички партии и други. На оваа дебата учествуваа вкупно 44 учесници. Особено е значајно дека како коорганизатори на оваа јавна дебата иницирана и спроведена од страна на АНТИКО, изразија желба и се приклучија и родовите комисии од сите горенаведен општини, кои ја поддржаа дебатата и покажаа отвореност за продолжување на соработката со други конкретни активности во текот на 2011-та година.

Воведен збор и модераторка на дебата беше Г-ѓа  Ѓунер Небиу – преседателка на Антико, која даде краток осврт за целите на организирањето на овие настани. На дебатата свои презантации имаа - г-ѓа Елена Грозданова, од Секторот за еднакви можности при МТСП -„Законодавно - правна рамка за родова рамноправност во Република Македонија. Г-ѓа Неда Малеска, експертка за родови прашања и претставничка од владина институција имаше своја презентација на тема .„Родовите аспекти во креирањето и следењето на јавните политики“ -  со посебен осврт кон родовото буџетирање.

Претставниците од општинските Комисии за еднакви можности и координаторите, говореа за областите на кои работат, за степенот на спроведување на локалните акциски планови и за проблемите со кои се соочуваат во праксата. Од страна на дискутантите беа посочени проблемите со кои најчесто се соочуваат жените: неможноста за редовна здравствена заштита и превентивни контроли, кршење на основните човекови права во работните односи, недоволната застапеност на жените на раководни позиции и тоа во институции каде што како вработени доминираат жените, незадоволителниот статус на жените во руралните области, проблеми при постапувањето и спроведувањето на мерките на заштита во случај на семејно насилство (немање дежурни компетентни лица за викенди, празници или ноќни часови, немање возила и сл). Воглавно, сите учесници се согласија со потребата од дополнувања и измени на Законот за еднакви можности и негова поефикасна имплементација во пракса.

Придобивката од дебатата е што обезбедија простор за интеракција и меѓусебен дијалог, размена на информации помеѓу локалната власт и националната власт како и локалните невладини организации и други засегнати страни заедно да ги мапираат, проблемите, потребите и предизвиците. Исто така придонесе да се отворат нови алтернативни канали на комуникација кои ќе резултираат со преземање на заедничка акција за решавање на постоечките проблеми.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.