Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
четврток, 28 март 2024
Одржан форум во Кичево на тема ,,Зголемување на улогата и влијанието на жените во внатрепартиските структури,,
Датум: 31.8.2011
 
Со цел да се поттикнат жените од политичките партии да земат активно учество во креирањето на родово сензитивни јавни политики и да дадат свој придонес во промовирањето и имплементацијата на законската регулатива за еднакви можности, од страна на ЖГИ Антико во соработка со организацијата Здружение на албанска жена Кичево – членка на мрежата на Антико, на 25.08.2011 беше организиран форум на тема:Зајакнување на улогата и влијанието на жените во внатрепартиските структури“
Во интерактивна дебата учесниците/чки од повеке П.П.  беа многу заинтересирани и дебатираа на повеќе теми, како што е бројот на женското членство  во политичките партии, активностите, улогата и позициите кои  ги имаат  жените во партиските структури итн. Се дискутираше за политичката активност на жените  во партиите, и дали е таа  вклучена активно во стуктурите кои донесуваат одлуки. Како најчести препреки со кои се соочуваат жените во партијата ги посочија следните фактори: Ниска репрезентативност на жените во одлучувачките органи на партиите а со тоа и неможност да се наметнат како фактори за спроведување на одредени промени во начинот и содржината на сегашната политика. Во политиката сеуште доминираат мажите и машкиот модел на однесување и водење на политика  
Исто така учесничките на форумот дискутираа на тема колку се активни женските форуми во политичките партии, каде што имаше различни одговори од припадничките на различни партии. Во некои партии форумите се активни но немаат никакво влијаније во одлучувачките структури на партиите додека во поголемиот број на партии женските форуми воопшто не се активни. Како резултат на конструктивната дискусија и практичните примери на учесниците произлегоа неколку клучни препораки во сегменти на кои треба да се обрне внимание а тие се следни:
  1.  Женските форуми на политичките партии во Кичево треба да најдат начини и форми кои ќе овозможат тие да  бидат по активни. Активностите треба да се организираат во текот на целата година а не само пред изборите.
  2. Размена на искуство е докажана алатка која овозможува брзо и ефикасно постигнување на резултатите па затоа не треба да се бега од споделување на искуството без разлика на тоа на која политичка партија тие и припаѓаат, бидејки сите жени од П.П имаат исти проблеми и потреби. Прашањата кои ги засегаат жените се исти и затоа тие треба да имаат иста платформа на делување која треба да послужи како обединувачка основа за сите жени во сите политички партии.
  3. Треба максимално да се соработува со невалдини организации. Тие имаат големо значење, и понекогаш и одредени  финансиски ресурси. Сите овие фактори можат да се стават во функција на поефикасно зајакнување на улогата на жените во внатрепартиските структури и активно учество во креирањето и спроведувањето  на родово сензитивни јавни политики.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.