Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
вторник, 16 април 2024
Жените од општина Илинден задоволни од состојбите со родовата рамноправност во нивната општина
Датум: 04.11.2011
 
На 06.09.2011 и 03.11.2011 година беше реализиран циклус од 4 едукативни работилници во општина Илинден, со претставнички од Комисијата за еднакви можности, локалната администрација и претставници од основните училишта, со цел зголемување на свеста, вештините и капацитетите на учесниците за препознавање на родовите потреби и нивна практична имплементација.
 
Дискусиите за време на работилниците беа насочени кон состојбата на жените во општината во неколку клучни сектори како што се вработувањето, политичкото учество, образованието, здравствената заштита и сл. Учесничките истакнаа дека жените се активни во јавниот и политичкиот живот и дека процентот на вработени жени во општината е на завидно ниво. Исто така, споменаа дека жените се присутни на раководни позиции во рамките на локалната власт и дека не гледаат причина зошто би биле маргинализирани кога имаат и образование и квалитет да бидат успешни.
 
Како и во другите општини со кои досега соработувавме, кога станува збор за родовото буџетирање, учесничките истакнаа дека освен мал фонд на средства од општинскиот буџет алоцирани за одредени активности од Локалниот акциски план за родова рамноправност, во моментот нема услови за поамбициозни акции за примена на оваа алатка при планирањето и трошењето на буџетските средства. Но, тоа не значи дека во иднина нема да се направат напори, односно да се создадат услови за примена на родовото буџетирање.
 
Во однос на проблемот со семејното насилство се разговараше дека жртвите немаат храброст да го пријават и затоа немаат индикатори дали и колку е присутно во општина Илинден. Учесниците истакнаа дека е потребна едукација од најмала возраст (да бидат застапени ваков вид на програми во образовниот процес), со цел да се превенира појавата на предрасуди и стереотипи кои понатаму водат кон дискриминаторско однесување и насилство. Беше договорено во наредниот период да се реализира локална акција која ќе вклучува едукација на младите во основните училишта за превенција и заштита од дискриминација и насилство;
Од страна на ЖГИ Антико им беше понудена помош и поддршка (дополнителни едукации, консултации и сл.), а истовремено на учесничките им беа посочени можните институции/лица кои би можеле да им помогнат околу заштитата и превенција од дискриминација и насилство.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.