Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
четврток, 28 март 2024
Отворено писмо за дискриминаторните политики на 31от Меѓународен Атлетски Маратон
Датум: 01.8.2017
 

Скопје, 01.08.2017 година 

ОТВОРЕНО ПИСМО

Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – мрежа на граѓански организации за женски човекови права, најостро го осудува дискриминаторскиот пристап на организаторот на 31от Меѓународен Атлетски Маратон – Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012, каде за исто истрчана патека, наградите помеѓу мажите и жените се драстично различни и варираат од 100-300 евра. Ова покажува дека дури и во услови на иста стартна позиција помеѓу жените и мажите, односно можноста да се натпреваруваат на истата патека, сепак, надоместокот, односно наградата не е ист за жените и мажите.

Таквиот пристап ниту е во согласност со спортскиот дух, но уште поважно не е во согласност со Законот за еднакви можности на жените и мажите каде меѓу другото децидно е наведено дека се забранува дискриминација врз основа на пол, во јавниот и приватниот сектор во многу области меѓу кои и во спортот! 

Ги охрабруваме организаторите навремено да ги променат критериумите за вреднување и наградите да бидат изедначени без разлика на полот. Доколку организаторот не постапи соодветно, ги повикуваме сите учесници (жени и мажи) и посетителите да го бојкотираат овој настан затоа што очигледно се базира на дискриминаторни политики и ја поттикнува родовата нееднаквост. Треба да бидеме свесни дека и во улога на учесници/посетители ние сме поддржувачи на ваквите дискриминаторни политики, поради што е клучно да покажеме зрелост и сплотеност. 

Истовремено ги повикуваме надлежните институции да реагираат согласно законските норми и прописи и да ги санкнционираат правните субјекти кои очигледно и јавно водат дискриминаторни политики и поттикнуваат родова нееднаквост.

Од,

Женска граѓанска иницијатива

АНТИКО

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.