Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 20 април 2024
Корените на родовото насилство лежат длабоко во општествените структури - во патриархатот и нејзиниот систем на вредности
Датум: 25.11.2008
 

„Дали го препознавате родовото насилство?!“ е мотото на кампањатата што ја спроведува Антико по повод обележувањето на светските денови на активизам против родовото насилство " 16 денови активизам против насилство врз жените “ е глобална, светска кампања. Таа започнува на 25-ми ноември и завршува на 10-ти декември со меѓународниот ден на човековите права. Овие денови се обележуваат како денови на солидарност и сеќавање на сите жени кои биле жртви на насилство. Ова воедно значи заложба и придонес кон елиминирањето на родовото и семејното насилство, каде над 95% од жртвите се жени и женски деца.

Овие 16 денови уште еднаш треба да не потсетат дека насилството врз жените е прашање на човештвото, на општествениот развој и трајниот мир во локални и глобални рамки. Ова вековно зло ги погодува сите жени без разлика во кои делови на светот се наоѓаат и кој е нивниот социален статус, нивото на нивното образование и/или друг вид на различност.

Насилството врз жените - семејното насилство со сите нејзини постоечки видови ги загрозува телата, животите, психолошкиот интегритет, слободата, безбедноста и сигурноста на сите тие кои се негови жртви.

Практиките низ целиот свет покажуваат дека родовото насилство е едно од најзогрозувачките, но и најмалку препознатливите и признаени форми на прекршувањето на човековите права. Нејзините корени лежат длабако во општествените структури - во патријархатот и нејзиниот систем на вредности.

Затоа многу е важно да ја препознаеме врската помеѓу патријархатот и милитаризмот која е една од главните причинители за постоењето на родовата рамноправност која репродуцира насилство врз жените како за време на "мирот" така и за време на вооружените конфликти, каде жените стануваат цел и жртви на воените стратегии. Еден од главните причинители на дискриминацијата и насилството е нерамноправната поделба на моќта и трудот помеѓу мажите и жените во сите области на општествениот живот.

Низ целиот свој живот жените се соочуваат со дискриминација - насилство која доаѓа од страна на државата, заедницата, семејството. Тие се меѓу првите кои го искусуваат нефункционирањето на државните служби, први на кои не им се овозможува здравствена нега, образование, економска сигурност, наследство. Тие се и меѓу првите, кога настапуваат економските кризи и транзиции, кои ги губат работните места, осиромашуваат и остануваат на маргините на општесвето.

Женската Граѓанска Иницијатива Антико, оваа година, како и сите други години спроведува активности по повод оваа меѓународна активност. Мотото на кампањата за 2008 година гласи: „Дали го препознавате родовото насилство?!“

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.