Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 20 април 2024
Соопштение до јавноста
Датум: 20.9.2011
 
Соопштение до јавноста
 
Родова анализа на кандидатските листи на политичките партии и изборните резултати
 
Резултатите од спроведената родова анализа на кандидатските листи за Предвремените парламентарни избори 2011 и анализата на изборните резултати, покажаа дека нема некој позначаен напредок кога се работи за застапеноста на жените на изборните листи и избраните жени во Парламентот, во однос на минатите избори. Процентуалната застапеност на жените на кандидатските листи се движи од 30% (40 изборни листи) до максимални 60% (само една кандидатска листа). Ваквата распределеност на жените на кандидатските листи се рефлектира и врз изборните резултати (30,9% - минимум исполнување на квотата)што укажува дека учеството на жените во Парламентот сé уште е резултат на институционалните механизми, односно законската квота од 30%, а не на политичката волја и убедувањето на политичките субјекти.
Се наметнува заклучокот дека доколку не се превземат поамбициозни акции (од страна на граѓанскиот сектор, политички партии, механизмите за родова рамноправност и други засегнати страни) и оние резултати кои досега се постигнати се доведени во прашање, а постои и можност да се вратиме и чекор наназад - како што е состојбата со изборот на градоначалници на општините (од 3 жени градоначалнички во претходните мандати, во моментов ниту една жена не е на оваа функција).
 
Имајќи ги предвид погоре споменатите констатации и заклучоци, им се обраќаме на сите релавантни субјекти на национално и локално ниво, општата јавност и медиумите со БАРАЊЕ, да дадат свој придонес во процесите за зголемување на учеството на жените во структурите на одлучување и унапредувањето на родовата рамноправност. Следствено на тоа, ги упатуваме следниве препораки:
 
-       Да се воведат квоти во рамките на политичките партии со што ќе се овозможи подеднакво учество на двата пола во структурите на одлучување и креирање на политики на партиите,  програми и стратегии.
 
-       Доследно да се применува и почитува Законот за еднакви можности на жените и мажите, редовно да се подготвуваат и објавуваат извештаи за напредокот, од страна на надлежните институции и да се применуваат соодветни санкции против оние кои не се придржуваат кон законските одредби.
 
-       Да се подобри работата на Комисијата за еднакви можности (КЕМ) при Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС). Да се воведе пракса на родовата анализа и интеграција, како еден од најважните предуслови за постигнувањето на позитивни промени и одржливи резулатити.
 
 
-       Поголеми заложби и активност од страна на Парламентарната Комисијата за еднакви можности при Собранието на РМ , во однос на изработката на анализи и покренување на иницијативи за  усогласување на другите законски прописи со ЗЕМ.
 
-       Реактивирање на работата на Женскиот парламентарен клуб во Собранието на РМ, со цел да се добие моќна организирана структура  која ќе ја препознава  и застапува правата на жените од повеќе категории кои се изложени на дискриминација и социјална неправда.
 
-       Поголеми заложби од страна на пратениците/чките за елиминирање и надминување на родовите предрасуди и стереотипи, присуството на сексизмите во говорницата на Парламентот со што се нарушува дигнитетот не само на  жените во парламентот, но целиот женски род. Ова е во спротивност со начелата за човековите права и недискриминација.
 
-       Изнаоѓање на модули и покренување на заедничка иницијатива на релевантните субјекти,  граѓанските организации и сите засегнати страни  за воведување на квоти за избор на жени градоначалнички.
 
 
Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
Контакт телефон: 02/ 2 614 641
E-mail: antico@t-home.mk; web site: www.antiko.org.mk                                                                           20.09.2011, Скопје
 
 
 
 
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.