ПРОЕКТ: Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата |
|
|
Летна школа за мултикултурализам Датум: 20.6.2013 |
|
Охрид, 15. 06. – 20. 06. 2013 год.
На Летната Школа партиципираа 50 учесници, од кои 24 ученици средношколци од четирите таргетирани училишта од Скопје и Тетово, нивните професори/ментори, но и дел од тимот млади обучувачи кои имаа можност преку асистенција во реализацијата на одредени сесии да продолжат да ги надградуваат своите вештини и активно да учествуваат во креирањето на јавните кации со средношколците.
Новите пријателства и цврсти релации кои ги создадоа за време на шестдневниот период на заедничко учење, активна работа, дружење и работа, се само индикатор дека е потребна добра волја, висока свесност и желба за комуникација – активно да слушаме, да се трудиме да разбереме и да ги отстраниме бариерите кои претходно сме ги создале во нашите глави под влијание на средината, опкружувањето, семејството или други фактори.
Средношколците со големо внимание и интерес се ангажираа околу совладувањето на тематските содржини. Во однос на темата fund raising средношколците се запознаа со методите за прибирање на средства од локални извори, имајќи предвид дека е мошне значајна за нивниот понатамошен активизам. Преку оваа тематика учесниците се стекнаа со знаења за начините на кои можат да се организираат различни видови на настани за обезбедување финансиски средства за спроведување на различни типови на (хуманитарни) активности. За да можат наученото да го спроведат во пракса младите учесници заедно со останатите учесници организираа аукција во хотелот каде на присутните гости им нудеа сувенири кои самите ги имаа изработено или купено. Со оваа акција тие собраа 8.300 денари кои во соработка со Црвен крст од Охрид и ги подарија на двегодишната Симона која е слепа и која живее со својата самохрана мајка и две постари сестри.
Оваа активност за средношколците, но и за останатите учесници претставуваше едно ново и корисно искуство.Нивното задоволство и впечатоците во однос на пристапот и применетата методолигија беа големи токму поради фактот што го олеснуваат совладувањето на материјата, даваат можност за интеракција и доближување, примена на теоријата во пракса и создавање на релации за соработка, вмрежување и размена на искуства.
|
|
|
|
|
|
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ |
|
10.12.2013
Јавни акции во заедниците - Организирани на јавни акции за елиминирање на насилствата и почитување на човековите права |
|
03.12.2013
Национална конференција |
|
15.11.2013
Јавни акции во заедниците - Јавен перформанс во Веро Центар |
|
31.10.2013
Јавни акции во заедниците - Јавни дебати |
|
28.10.2013
Јавни акции во заедниците - Акции со хуманитарни цели и музички настапи |
|
28.10.2013
Јавни акции во заедниците - Покрената иницијата за издавање на прв број на двојазичен училишен весник во историјата на училиштето |
|
22.10.2013
Јавни акции во заедниците - Мултиетнички спортски турнир |
|
10.10.2013
Јавни акции во заедниците - Подготовка на промотивни и информативни материјали од страна на целните групи |
|
28.9.2013
Јавни акции во заедниците - Изведба на еколошка акција |
|
02.9.2013
Јавни акции во заедниците |
|
20.6.2013
Летна школа за мултикултурализам |
|
31.5.2013
Циклус на работилници во средните училишта во Скопје и Тетово – мултиплицирање на знаењата |
|
31.3.2013
Тренинг за тренери за мултикултурализам |
|
|
|
|
|
|
- Родова рамноправност во локалната заедница - проект во соработка со GFW |
|
- Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го! www.mobbingnet.org |
|
04.7.2009 - Хотел Александар Палас Скопје, Меѓународна Конференција,, Мир и безбедност,-феминистичка алтернатива- Антико 10 Години во промоцијата на културата мирот и ненасилството преку општествено вклучување на жените,, |
|
29.11.2010 - Школа за Мултикултурализам |
|
- Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство |
|
- Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas |
|
- Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“ |
|
- Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост |
|
20.12.2013 - Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата |
|
30.4.2015 - Економско јакнење на жени во две општини |
|
20.1.2016 - Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот |
|
18.1.2016 - Здружени сили за заеднички интереси |
|
01.1.2017 - Институционален грант Цивика Мобилитас |
|
|
|