ПРОЕКТ: Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
Јавни акции во заедниците - Изведба на еколошка акција Датум: 28.9.2013
Учениците од СОТУ „Ѓоце Стојчески“ и ОСЕУ „8 Септември“ од Тетово организираа еколошка акција со цел да ја зголемат свесноста кај населението и јавните институции за проблемот со загадувањето но и дека како заеднички проблем на сите луѓе за истиот треба заеднички да се дејствуваат без разлика на етничката припадност. Училишниот двор на ОСЕУ „8 Септември“ беше исчистен и засаден со цвеќиња, а средношколците успешно ја пренесоа својата порака за мултиетничка толеранција. На еколошката акција учествуваа повеќе од 40 учесници (средношколци и професори). Настанот беше промовиран и од страна на два медиуми.